
Ashleigh Hall - девојчето што стана жртва на Facebook измамник!
„Таа не беше лошо дете, не беше бесна. Направи само една грешка и за неа плати со живот", раскажува низ солзи Andrea, мајката на Ashleigh Hall која стана жртва на уште еден Facebook измамник.
17-годишната Ashleigh водела нормален, тинејџерски живот. Деновите ги поминувала зборувајќи на мобилен телефон, сурфајќи на Интернет и дружејќи се со пријателите. Одела во последната година во училиштето за грижа за деца, Darlington College, и се надевала на добро платена работа.
Единствено и недостасувало малку повеќе самодоверба и момче што ќе ја сака. И како што прават голем број девојки и жени низ светот, се обидела својата љубов да ја пронајде на Интернет. Еден единствен клик ја решил нејзината судбина.
Peter Chapman е еден од 400-те милиони корисници на Facebook. Тој се претставувал како млад, атрактивен тинејџер, со најразлични интереси и добро образование. Но, за несреќа на Ashleigh, тој всушност бил ќелав 33-годишен ладнокрвен убиец, кој ја силувал и ја фрлил во бездна.
„ Не можам да обвинам никого за тоа што се случи, но време е да се преземат мерки и некако да се контролираат луѓето што пласираат лажни профили и информации", вели мајката на Ashleigh.
Ashleigh имала околу 400 пријатели на Facebook што ги познавала лично. И ветила на мајка си дека никогаш нема да додаде странец на својата листа на пријатели. Но, и покрај предупредувањата, Ashleigh продолжила да бара некој што ќе се заинтересира за неа. Тогаш, го забележала профилот на Peter Chapman. Тој одговарал на нејзините замисли, и најважно од се, тврдел дека му се допаѓа.
„Беше околу 19:30 часот кога ме замоли да спие кај нејзина другарка. Се согласив во последен момент, но само доколку се врати до 10:30 следното утро. Отиде во нејзината соба, стави неколку работи во ранецот и замина. Тогаш ја видов за последен пат", раскажува Andrea...
ПРОДОЛЖУВА...
На страните на 5-от број на женското списание Unique што можете да го купите на било која трафика во земјата. Ова е текст што треба да го прочита секој родител, а особено девојките што својата љубов ја бараат на интернет!!!



















































