
И да се биде сингл не е лошо ако знаете да си поминете убаво.
Секако дека сите сакаат да се заљубени, но и да сте сами не е лошо. Не сте баш сигурни во тоа? Останете со нас, ви ги носиме 10-те причини поради кои велиме дека сингл девојките живеат како рок ѕвезди.
ВИЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ МЕНУВАТЕ МОМЦИТЕ КАКО ЧОРАПИ
Чувството да се биде сингл е слично на чувството кога одите во шопинг. Пари во џеб, а пред вас куп парчиња облека што молат да ги пробате и да ги преселите во вашиот плакар. Истото важи и за момците...не сомневајте се, вие имате се што е потребно за да направите момците да ви јадат од рака.
ВАШИОТ ДЕН Е ЗАБАВА
Забави, концерти, премиера на нов филм...вие имате време да правите и да излегувате со кој стигнете. Секоја девојка во врска ќе ви признае дека тоа и фали, постојано да мора да го организира времето за гледање со момчето и пријателките.
И КАФЕТО ПРЕКУ ДЕН Е ВОЗБУДЛИВО
Секоја вечер различни кандидати на вашата врата, нови познанства, пијани вечери исполнети со смеа, а често и доза на љубомора. Незаменлива е возбудата во освојувањето, флертувањето, чекањето на повикот наредниот ден. Возбудливо е и кога нема да успее, токму така, вие седнати со пријателките и филозофирате што тргна погрешно.
СЛОБОДАААА
Слободни сте да правите и да излегувате со кој сакате. Имате право на избор - тој ќе биде забава за една вечер или ќе излезам со него неколку пати. Летото се ближи, замислете колку мажи таму ве чекаат, сега кога немате багаж со себе.
ИМАТЕ ПРАВО ДА БИДЕТЕ СЕБИЧНИ
Како поминува времето така се поголем број пријателки ќе влезат во сериозни врски, а ќе има и такви што ќе почнат да се мажат. Дали сте свесни, дека освен крај на слободата врската значи и крај на себичноста. Жените во врска го жртвуваат времето, парите, пријателките...во името на љубовта што ја чувствуваат. Сингл девојките може да бидат себични до крај, денес решивте цел ден да го поминете пред ТВ, нема кој да ви замери.
СЕКОЈА МИНУТА Е НЕПРЕДВИДЛИВА
Искушение...немате поим на кој се може да налетате овој викенд и што се може да се случи. Непредвидлив е животот на сингл девојките. Кај паровите, со текот на годините секојдневието станува еднолично.
ПОГОЛЕМИ СЕ ШАНСИТЕ ДА СЕ ЗБОГАТИТЕ
Деловни патувања, понуди да заминете во странство...нема што да му ја мислите. Одлуките полесно се носат кога немате нешто што може да ве одврати од намерата. Сигурно имате пријателка во друштвото што се откажала од своите соништа поради љубовта што ја чувствувала за партнерот? Колку и да имате поддршка од другата страна, свесно нема да сакате да се осудите на страдање далеку од него.
НИКОГАШ НЕ СТЕ ИЗГЛЕДАЛЕ ПОПРИВЛЕЧНО
Признајте дека ги намаливте килограмите откако останавте сама. Нормално, вие морате да се вратите во играта на освојување, а изгледот е тука да помогне. Ако претходно не водевте сметка и се случуваше да излезете и по тренерки, сега со големо задоволство уште од понеделник размислувате што ќе носиите во петок.
СВАДБИТЕ НА ПРИЈАТЕЛКИТЕ СТАНАА ПОИМ ЗА ЗАБАВА
Свадбите на пријателките не се место за депресивно расположение. Не само што морате да се веселите во чест на младенците, вие имате и мотив плус за славење,а тоа е фактот што сте сингл. Може да се случи и да ја засените невестата, сите млади сватови ќе ја чекаат својата прилика да танцуваат со вас. Искористете го тоа!
.gif)






















.gif)
























