
Ако каже дека парите би ги потрошил на егзотично патување, тогаш си најдовте вистинска авантуристичка душа.
Дали ви се случило да излезете на прв состанок и да останете без зборови? Текстов е наменет за сите оние што сакаат да соберат неколку проверени реченици во својот речник. Не сомневајте се; и тоа како ќе ви се најдат!
САКАШ ЛИ ДА СЕДНЕМЕ ВО КИНЕСКИ РЕСТОРАН?
Ова е проверена метода за да дознаете колку момчето е расположено за нови места и авантура. Заедничкото размислување што да порачате и разменувањето коментари за вкусовите ќе ви осигураат муабет и блискост.
ШТО БИ СТОРИЛ КОГА БИ ДОБИЛ НА ЛОТО?
Ако каже дека парите би ги потрошил на егзотично патување, тогаш си најдовте вистинска авантуристичка душа што се гуши од секојдневни активности. Ако изборот падне на нова куќа, тогаш тој е домаќин што мисли на својата иднина.
ДАЛИ НИКОГАШ СИ УКРАЛ НЕШТО?
Ваквото прашање е забавно од причина што ја отвора темата детство, нешто за кое секој човек со задоволство зборува. Навраќањето кон спомените ќе донесе смеа на вашиот состанок. Ако молчи и нема што да сподели со вас, тогаш наидовте на проблем. Тој е затворен тип на кој ќе му треба време да се отвори.
НА КОЕ МЕСТО Е ТВОЈОТ ДОМ ОД СОНИШТАТА?
Одговорот на ова прашање, ќе ви открие дали тој е урбан тип, зависен од градската шема или е повлечен и мирен дечко кој ужива во едноставните работи. Секако ова не треба да значи откажување од иднината во случај неговата визија да не се поклопи со вашата. Сетете се дека и спротивностите може да успеат.
КАКО Е ДА СЕ БИДЕ...
...доктор, професор, шофер, новинар? Преку ова прашање ќе дознаете колку тој е задоволен од својата работа. Ќе имате прилика да се запознаете со неговото работно секојдневие и врз основа на тоа да заклучите колку време му останува за вас.



















































