plac1Нема прошка за „непокајаникот“
Што полесно би простиле, неверство во врска или неверство во брак?
devojka_sedi_samaЗошто секогаш завршувам со погрешен?
Навистина ли мислите дека можете да го промените!?
New_Year_2011_Christmas_gifts_026343_Празници се ближат, празници се ближат!
Веќе не сте она дете кое цела година сонуваше за скутот на Дедо Мраз, но да ја вратиме магијата!
luda4Слободоумната девојка добиваше „те сакам“
Слатка бура од која преку ноќ станаа зависни овие трети „наивци“ во нејзината врска.

Не бидете жртва на силување!

rape

Од сите работи што жените треба да се заштитат, силувањето избива на првото место на најопасни. Силувањето не е само физички напад или сексуален чин како што мислат повеќето луѓе, туку грозоморен чин на насилство кој секогаш остава емоционална лузна што тешко може да се излечи. Жените кои поминале низ ова, им е тешко да имаат сексуални односи, а уште потешко да веруваат во другите луѓе. Еве неколку мерки што можете да ги примените за да се заштитите:

БИДЕТЕ ВООРУЖЕНА

Со ова не се подразбира да носите некое огнено оружје, туку некои други заштитни направи што можат да бидат ефикасни, но не и смртоносни. Бибер спреј или пак мало ноже кое ќе го исплаши потенцијалниот силувач. Овие средства за заштита се доволно ефикасни и побезбедни отколку да се шетате со огнено оружје во чанта.

БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВА КОГА СТЕ НАДВОР

-Силувачите генерално имаат тенденција да напаѓаат жени кои не делуваат многу активни и кои изгледаат како да се движат без некоја цел. Експертите тврдат дека доколку делувате сигурни и одите исправено можете да го запрете силувачот од неговата намера.

-Ако одите сама, тогаш избегнувајте ги темните улички и оние што не изгледаат сигурно. Никогаш не обидувајте се да одите по напуштени и празни места, само за побрзо да стигнете. Секогаш движете се по главната улица.

-Не се движете сама по улици во доцните часови. Фатете си такси до местото каде што одите или пак нека ве превезе некоја пријателка. Ако веќе морате да одите сама тогаш движете се побрзо и одберете правец што не е толку напуштен.

-Не влегувајте во лифт сама со некој што не го знаете или пак ви делува сомнително. Ако се најдете во ваква ситуација, тогаш бидете блиску до излезната врата од лифтот и до контролната табла.

-Секогаш бидете запознаени со местото каде се наоѓате во случај да се најдете во неволја и да можете да повикате некој и лесно да му објасните каде сте.

-Многу жени биле нападнати пред да влезат во својата кола. Затоа не паркирајте се било каде и секогаш клучот нека ви биде во рака уште пред да се приближите до возилото.

БЕЗБЕДНОСТ ВО ДОМОТ

-Внимавајте местото пред вашата куќа или стан дали е сигурно. Разгледајте убаво дали има некоја сенка.

-Секогаш погледувајте од окцето на вратата кој е пред неа. Не си дозволувајте да отворите пред да дознаете. Ако е некој странец пред вашата врата,  прашајте кој е пред да отворите и направете го тоа само ако сте задоволни од одговорот.

-Вратите секогаш нека ви бидат убаво заклучени. Дури и да живеете на многу безбедно место, никогаш не ја оставајте вратата отворена,  дури ни на неколку минути. Многу жени мислат дека злосторникот никогаш не би се осмелил да влезе во некој дом само затоа што тоа место е обезбедено.

НА ЗАБАВА

-Постои алармантно зголемување на бројот на жени кои биле сексуално нападнати на јавни собири. За да се заштитите кога сте на состанок, не прифаќајте пијалоци од некој кој не го познавате. Дури и да го познавате (не доволно) подобро е сама да си земете пијалак. Ако сте го оставиле некаде пијалакот, дури и на пола минута, немојте да ја пиете.

Иако овие совети нема целосно да ве заштитат од силување, барем ќе успеете да ги минимализирате шансите да се случи такво нешто. Со присуствување  на неколку часови за самоодбрана и носење средства за заштита, ќе го добиете најдобриот начин на безбедност. Сепак вие треба да ги земете работите во ваши раце. Ако чекате некој да ви помогне ......тогаш би можело да биде доцна!



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

11-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)