
За еден состанок со згодно момче планирате што ќе носите, размислувате за што ќе разговарате, што ќе јадете...
Кога треба да одите на состанок со некое згодно момче почнувате да планирате што ќе носите, размислувате за што ќе разговарате, што ќе јадете, дали треба да го бакнете прва...
Секако, не секое јадење е дозволено на првиот состанок. Сигурно не би сакале да го избркате момчето и потоа да ве избегнува. Од друга страна пак, не би сакале да не јадете ништо па цела вечер да размислувате што ќе јадете кога ќе се вратите дома. Обидувајте се да ги избегнувате следниве јадења додека сте на состанок:
ЛУК И КРОМИД
Овие јадења предизвикуваат лош здив, а сигурни сме дека сакате да го добиете тој бакнеж пред да си одите дома. Но, не се работи само за бакнежот. Дури и да јадете лук или кромид 2-3 дена пред големата вечер, може да го имате лошиот здив. Тие се задржуваат подолго време, па не би сакале да имате проблеми со лошиот здив кога тој ќе дојде по вас. Покрај тоа, лукот и кромидот тешко се варат, па доколку сте веќе на состанок со момчето, одбегнувајте да ги јадете за да не добиете стомачни проблеми.
ГРАВ
Секако дека гравот е здраво за срцето. Ако редовно се јаде грав, нема да имате проблеми со гасови и надуеност, но доколку не јадете редовно грав, избегнувајте го барем неколку дена пред важната вечер.
ПИРЕ ОД КОМПИР
Пржените компири не претставуваат проблем, но пире од компир содржи млеко и крем, што предизвикуваат подуеност. Сигурно не би сакале да изгледате како некоја елегантно пополнета девојка. Ако навистина сакате да јадете компир додека сте на состанок, одберете ги пржените компири.
ТЕСТЕНИНИ
Можеби нема ништо лошо во јадењето тестенини, но оставете го тоа за деновите кога сте дома. Сосовите кои се ставаат во тестенините се многу течни. Бидејќи тестенините знаат да се превртуваат во чинијата додека да ги боцнете со виљушката, најчесто сосот прска насекаде. Сигурно не би сакале да добиете нови дамки на фустанот или пак да го испрскате момчето кое штотуку го запознавате.
СИРЕЊЕ
Сирењето, исто како и лукот и кромидот, предизвикува лош здив. Некои видови на сирења имаат јак мирис, па потоа цела вечер ќе се препознава дека сте јаделе сирење. Избегнувајте го барем таа вечер додека сте на состанок со момчето кое многу ви се допаѓа.
Многу од овие правила паѓаат во вода кога станува збор за подолги врски. Веќе доволно се знаете за да се срамите да јадете лук или кромид еден пред друг. Но, како за „тазе" врски, секако доколку сакате да го задржите, избегнувате ги овие јадења.







































