
„Можам за се да разговарам со мајка ми. Најдобра другарка ми е.“
Сексот е многу деликатна тема. Не секоја девојка сака на секого да открива детали за тоа. Некои од нас сметаат дека најубаво е, за тоа да зборуваме со нашите другарки, но има и храбри девојки кои се осудуваат за сексот да зборуваат со своите родители. Обично, ное девојките можеме полесно да се отвориме со мајките отколку со татковците. Не ние проблем да им кажеме што ни се случува и на тоа поле, но секако дека не можете на мајка ви да и кажете „Еј мамо, не знаеш моето момче колку е добар за орално задоволување!".
Направивме мала анкета и прашавме неколку девојки да ни кажат дали можат да разговараат со нивните мајки за сексуалните искуства и проблеми. Еве ги нивните одговори:
„Не би имала храброст да и кажам дека не сум девица. Мислам дека кога ќе и ја соопштам веста, ќе добие срцев удар. Не вистински, се разбира. Знам дека претпоставува дека сум сексуално активна, но едноставно глупаво ми е да и потврдам." - Марија, 24.
„Никако! Не би и кажала за ништо на светот. Знам дека ако подолго време имам врска, само ќе претпоставува дали имам односи, но во никој случај не би и кажала. Некако ми е тоа премногу чудно. Не дека не сум блиска со неа, но сексот не го споделувам ни со другарките, а камоли со мајка ми." - Александра, 27.
„Моите родители се многу религиозни. Јас не сум толку многу, но да дознаат дека сум имала секс пред брак мислам дека ќе се откажат од мене преку весник. Не би можела да им кажам такво нешто. Мислам дека дури и кога ќе имам сопруг, ако и кажам дека пред бракот сум имала односи, ќе ми се налути многу." - Биљана, 23.
„Можам за се да разговарам со мајка ми. Најдобра другарка ми е. Секако дека не и откривам детали, но досега знае со кој се сум имала односи и за сите проблеми и компликации кои настанале." - Светлана, 26.
„Со мајка ми сум многу блиска. Еден месец по моето прво сексуално искуство, решив да одам на гинеколог. Мајка ми почна да се сомнева затоа што никогаш порано не сум била на лекар. Секако дека сфати за што станува збор. После тоа, отворено зборувавме за се. Веќе ништо не и кријам." - Тамара, 25.
„Уште додека бев прва година во средно образование, мајка ми ми ги кажа сите потребни информации за сексот. Од кога станав сексуално активна, таа доаѓаше со мене на гинеколог, ме советуваше кои контрацепции се најдобри, што треба да правам, а што не..." - Моника, 28.
Колку и да не сте блиски со мајките, верувајте дека во секое време може да им се доверите и да им кажете што ве мачи. Не очекувајте дека секогаш ќе можат да разберат што ви се случува, но ќе дадат се од себе да ви помогнат на било каков начин. Дури и на нив им е тешко кога страдате и плачете за некое момче.



















































