
Пробајте да бидете релаксирана пред неговите родители - бидете си своја.
Првата средба со неговите родители може да биде многу страшна тема. Како да се однесувате? Како да реагирате? Што ако не ве прифатат? Што ако се посрамотите? Навистина притисокот е голем. И не постои начин како да го одбегнете. Но, верувајте дека тремата ќе трае само на почетокот, потоа се ќе си дојде во нормала. Само бидете релаксирана и бидете си своја. Со цел за да ви помогнеме одбравме некои работи до кои мора да се придржувате за да ја добиете поддршката од неговите родители. Другото е во ваши раце!
БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ
Не мора да донесете подарок кога ќе се запознавате со неговите родители, но бидете спремни во што се впуштате. Познавајќи какви луѓе се тие, најдобро ќе успеете да ги избегнете сите работи кои може да ве засрамат.
ИЗБЕГНЕТЕ ЈА СЕКСИ ОБЛЕКАТА
Ова не значи дека треба да се покриете целосно, но сепак бидете умерена. Тесната облека припиена за тело, длабокото деколте, високите потпетици - не ни помислувајте на тоа. Зачувајте ја сексуалноста за вашиот партнер.
ПОНУДЕТЕ ПОМОШ
Може очекувате вашиот партнер да ја прави потешката работа во почетокот на врската, но кога станува збор за средбата со неговите родители важно е да покажете и вие малку иницијатива. Понудете се да помогнете, да ја поставите трпезата... тоа ќе ви биде голем плус кај неговите родители.
ДРЖЕТЕ СЕ НАСТРАНА ОД АЛКОХОЛОТ
Се разбира дека може да се напиете некоја чаша вино, но не претерувајте. Ако уште при првото запознавање со неговите родители вие сте пијана што би сакала тие да помислат? Уште од почетокот ќе добиете негативни поени од неговите родители, а тој ќе помисли дека немате доволно почит кон него и неговите.
БИДЕТЕ ИНТЕРЕСНА, НО ПОКАЖЕТЕ И ЗНАЕЊЕ
Пробајте да бидете релаксирана пред нив, иако ова ви звучи тешко. Разговарајте на интересни теми, смејте се, но ограничено. Пробајте и да направите муабет на некоја посериозна тема. Докажете дека сте паметна, но сепак и интересна.







































