
Експертите тврдат дека жените ги имаат сите квалитети за да бидат подобри шефови од мажите.
Во што сме ние жените подобри од мажите? Па девојки одговорот е: од надворешната убавина, па се до тоа дека сме подобри шефови и инвеститори. Подолго живееме, почесто земаме диплома и се храниме поздраво. Прочитајте ги истражувањата кои докажуваат дека не само мажите се способни за наредување и на правење успешна кариера.
СО ГОДИНИТЕ ЖЕНИТЕ СТАНУВААТ ПОУБАВИ
Истражувањата откриваат дека жените стануваат се поубави како одминуваат годините, додека мажите остануваат исти. Откако биле следени 2000 луѓе за време на 4 декади, студијата покажа дека атрактивните жени имаат за 16% повеќе деца отколку просечно убавите девојки. Што значи жените како созреваат стануваат се поатрактивни за мажите.
ЖЕНИТЕ ГИ ПРЕЖИВУВААТ СООБРАЌАЈКИТЕ ПОВЕЌЕ ОД МАЖИТЕ
Тажно, но вистинито: Мажите имаат 77% повеќе шанси да загинат во сообраќајка отколку жените. Жените се повнимателни и повеќе внимаваат на прописите. Ова е само една од причините зошто тие почесто преживуваат од мажите.
ЖЕНИТЕ ПОЛЕСНО СЕ ОТВОРААТ
Едно истражување кое било спроведено врз 2000 луѓе открило дека жените повеќе разговараат за проблемите отколку мажите. Ова на сите ни е добро познато. 53% од жените разговараат со пријателите за тоа што им претставува стрес за разлика од мажите: 29% ги откриваат проблемите на други луѓе.
ЖЕНИТЕ СЕ ПООТПОРНИ НА РЕЦЕСИЈАТА
Според статистиката 80% од оние кои ја изгубиле работата биле мажи. Ова е можеби заради причината што повеќе машко - доминирани полиња беа погодени од рецесијата.
ЖЕНИТЕ ДИПЛОМИРААТ ПОЧЕСТО
Веќе знаеме дека инволвирањето на жените во образованието е поголемо и поодговорно за разлика од мажите. Шансите за мажите да земат диплома се помали во однос на жените. На мажите исто така им треба повеќе време за да го завршат факултетот.
ЖЕНИТЕ СЕ ХРАНАТ ПОЗДРАВО
Истражувањата кои биле спроведени врз 14 000 луѓе покажале дека жените одбираат поздрава храна за разлика од мажите. Додека мажите избирале пица или црвено месо, жените се одлучиле за овошје и зеленчук.
ЖЕНИТЕ ИМААТ ПОДОБАР ИМУН СИСТЕМ
Мажите почесто се жалат за здравјето отколку жените. Ако се случува некој борба во телото на жената, најмногу помогнува тајното оружје: естрогенот. Спроведените студии покажуваат дека естрогенот на жените им дава сила кога станува збор за борење со инфекции.
ЖЕНИТЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО
Помеѓу светската популација од оние кои имаат над 100 години, 85% се жени. Во просек жените живеат 5 до 10 години подолго од мажите.
ЖЕНИТЕ СЕ ПОДОБРИ МЕНАЏЕРИ, ОСОБЕНО ВО ЕКОНОМИЈАТА
Ова можеби е контроверзно, но неколку експерти се убедени дека жените се подобри шефови затоа што тие се добри слушатели, ментори и подобро решаваат проблеми за разлика од машката популација. Жените се подобри конектори од мажите и повеќе знаат како да ја активираат пасијата кај вработените.
ЖЕНИТЕ ИНВЕСТИРААТ ПОДОБРО
Една студија која била направена врз 100 000 портфолија покажала дека жените имале поголема заработка од инвестирањата кои ги направиле: 18% за жените, 11% за мажите во поглед на заработката. Ова можеби е заради тоа што жените се повнимателни со инвестициите и размислуваат подолгорочно.







































