woman_on_topСекс-техники што ќе го излудат!
Земете ја играта во свои раце и натерајте го да признае дека сексот со вас е одличен...
dobroБарајте го најдоброто во луѓето!
На моите пријателки секогаш ќе им ги дарувам најоптимистичките совети и најчистите мисли.
devojka_so_peperutka_na_prstГрешки на сингл девојките
Неколку вообичаени грешки што сингл девојките ги прават без да знаат.
place_i_pie„Лажеше дека е бремена за да им ја расипе...
Колку лагите можат вистински да влијаат врз среќата на двајца?

Преку Facebook открив дека е женет

devojka_sedi_na_pc

Се бунеше и кога сакав да закачам слики од него, а јас заљубена сакав цел свет да знае дека е мој.

Живеам богат живот, секоја зима скијам на познати планински терени, а летно време се печам на ексклузивни песочни плажи. Ниту еден ден во животот не сум работела, но мојот паричник е подебел од некој што цел месец работи за дневница од 300 денари.  Ако верувате порано се смеев на тоа. Ги исмејував бедно облечените девојки на улица и разговарав исклучиво со богатите елитни кланови во градот. Колку ме искористуваа сите. Се залажував дека сум главна фаца во друштвото, а всушност бев автомобил и каса полна пари за моите таканаречени пријатели. Еден период навистина забегав, парите ме побудалија, од што не знаев веќе што да правам со самата себе почнав да шмркам кокаин. По цели денови скитав, секоја вечер се враќав мртва пијана, а на сабајле ми требаше време за да сфатам дали навистина имав секс со некој непознат, или сум сонувала.

Со моите немав никаква комуникација. Во домот престојуваа само по неколку часа во денот, а кога случајно ќе ме начекаа во соба ми вадеа пари, знаете како кога на гости ќе ви дојдат некои роднини со кои одамна не сте се виделе, па ќе ви извадат илјадарка да се почестите. „Имаш ли доволно пари?" - прашањево како да го имаа снимено и само пуштаа плеј штом се сретнеме. Еднаш се изненадив кога ми кажаа дека се ангажирале да го доградат почнатиот базен во двор. Дури ме замолија да останам дома и да ги пречекам мајсторите. Бидејќи ништо не правев по цел ден, ова ми дојде како интересна задача, ако ништо друго ќе пополнев време.

Кога дојдоа мајсторите, како вистинска домаќинка, ги понудив со кафе. Ми навестија дека нема да почнат со работа, се додека не дојде нивниот шеф. Се појави и шефот на врата, а јас што да видам, совршенство на две нозе. Ме освои само со една насмевка, но и тој не остана рамнодушен на мојата. Веднаш ми се допадна фактот што има фирма за правење базени, но малку се разочарав кога разбрав дека е од Охрид. Стравував како ќе реагира моето друштво на фактот дека излегувам со некој од провинција. Но, кога тој почна да се расфрла со пари, на хиените им светнаа очите и заборавија на сѐ. Почнаа да му се лепат како оси кога дознаа дека има вила во Грција.

Да, јас ги забележував тие работи, но не се бунев бидејќи не бев нешто поинаква. Но, овој пат беше поразлично. Никогаш порано не бев почувствувала такви емоции. И да ми кажеше дека живее во шупа немаше да се премислам дека тој е вистинскиот за мене. Почесто се гледавме за викенди бидејќи неговата работа не беше врзана за едно место, секој ден беше во различен град, барем така ми кажуваше. Неколку пати појдов и во Охрид, но никогаш кај него дома. Спиевме во станот на неговиот пријател за да ја задржиме интимата.

Се сеќавам едно утро го задевав дека е премногу стар за мене, бевме разлика 5 години. Секогаш се лутеше кога ќе му го кажев тоа, а мене ми беше неодоливо симпатичен. За да ми докаже дека не сум во право, го терав да си отвори профил на Facebook, па и старите почнаа да имаат профили, а тој не сакаше да чуе за такво нешто. Се бунеше и кога сакав да закачам слики од него, а јас заљубена сакав цел свет да знае дека е мој. Не го послушав и си направив албум со куп слики од мене и него...

ПРОДОЛЖУВА...

Дознајте како завршува оваа реална приказна во новиот број на Unique, кој можете да го најдете во сите трафики ширум Македонија.



 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)