
Правите потези за кои ни самите не сте свесни. Време е да научите каде грешите.
Сингл девојките честопати ги повторуваат истите грешки и затоа не можат да најдат некое чесно момче. Правите потези за кои ни самите не сте свесни. Време е да научите каде грешите. Љубовта на вашата пријателка на која постојано и завидувате, може да стане и ваша реалност.
МИСЛАТ ДЕКА НИВНОТО ВРЕМЕ ПОМИНАЛО
Никогаш не е доцна да се најде љубов, дури и на постара возраст. Никогаш не се потценувајте. Колку подолго се чека, толку поубав период ви претстои. Тоа што сте сингл, гледајте го како предност. Секси сте, убава, паметна и можете да го имате кој сакате. Се што треба да правите е да одбирате.
ДОЗВОЛУВААТ РАБОТАТА ДА ГИ ОБЗЕМЕ
Иако сте успешни, убави, паметни и секси, дозволувате целиот живот да го посветите на работата. Постојано сте окупирани со тоа што како да направите, како, кога. Прекинете со тоа веднаш! Работете си ја работата само во работното време. Кога ќе заврши работното време, посветете си го слободното време на вас. Дотерајте се! Излезете со пријателки! Флертувајте!
ЧЕКААТ ДА ПАДНЕ КАКО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО
Не очекувајте дека принцот на белиот коњ ќе се падне како гром од ведро небо. Не велиме дека треба упорно да го барате, но соработувајте со момчињата кои ви се пуштаат. Можеби во некој од нив се крие вистинскиот, а верувајте дека по неколку состаноци сама ќе знаете дали е тој вистинскиот или не.
ГИ ИГНОРИРААТ ДОБРИТЕ МАЖИ
Ова се случува постојано. Кога сте сингл, мислите дека нема некој достоен за вас, дека сите машки се за никаде. Првиот момент кога ќе почнете да размислувате малку поразлично, ќе сфатите дека постојат чесни мажи. Само треба да знаете како да ги препознаете. Има такви кои се зафатени, незаинтересирани или пак вие не сте заинтересирани за нив. Тоа не значи дека треба да се откажете. Единствен начин за да ги препознаете е доколку знаете како да примите комплимент за парфемот, кога ќе ви отвори врата, ќе ви го отстапи редот во банка...



















































