
Дали поради фактот што постојано бевме излезени со луѓе, интимните моменти беа како празник.
Го запознав во летното диско „Колосеум", бев излезена со пријателките, а тој беше културниот келнер што не служеше. Сите забележаа дека постојано ми се смешка. Иако немав пари за да се расфрлам, не можев да одолеам, а да не го викам на секои 20 минути за да не услужи. Колку бев возбудена, не ни помислував да си одам дома без да направам муабет со него. Гужвата се расчисти, тој здивнуваше потпрен на шанкот и јас ја здогледав мојата шанса.
Врската почна лабаво, не се оптоварувавме со тоа кој каде е излезен или зошто некој не се сетил да крене слушалка. И двајцата бевме излезени од долги врски (тогаш не ни претпоставував дека ме лаже) и ни одговараше тој слободен однос што го поставивме. Знаевме да си излеземе, да си појдеме во меана, да се журкаме во диско до сабајле; изгледавме како стари пријатели со утврдена шема.
Дали поради фактот што постојано бевме излезени со луѓе, интимните моменти беа како празник. Дефинитивно тоа направи брзо да се заљубам во него. Копнеев да заврши вечерта за да дојде делот кога тој ќе ме врати дома и ќе ме бакне за добра ноќ. Но, тој момент никако не доаѓаше. Навистина почнав да се загрижувам. Да, ни беше забавно во град, но јас имав потреба од него, од неговото тело, копнеев за неговите бакнежи кои никако не ги добивав. Тој дефинитивно не се вклопуваше во профилот на мажи со кои бев навикната да се гледам. Ниту еднаш не се обиде да направи ситуација за да останеме сами, иако поминаa скоро 2 месеци. Друг маж, барем јас тие што ги познавам, тоа го прават уште на првиот состанок.
Во прво време си мислев дека се плаши да не заглави со мене, затоа одлучив да ги преземам работите во свои раце. Ги убедив моите да заминат на викенд во село, сестра ми инстантно испари од дома, а се погрижив тој да се нацрта пред мојот праг. Исто како во филмовите, се погрижив да направам атмосфера, се средив тип топ и само чекав да го вкусам моето колаче...
ПРОДОЛЖУВА
Во новиот број на Unique, што може да го најдете на сите трафики ширум Македонија, дознајте што и се случило на оваа девојка.



















































