
ХИВ го напаѓа имунитетот и се шири преку размена на телесни течности. Не постои лек ниту пак вакцина што може да го спречи неговото појавување.
Пред осум месеци Amanda ја открила темната тајна за себе и светот и се превртел наопаку - докторите и дијагностицирале ХИВ, а таа мислела дека животот за неа е завршен.
Amanda е лицето на ХИВ што малкумина го познаваат - таа не е промискуитетна или зависна од дрога, и малкуте врски што ги имала биле сериозни и долги, така што нејзините резултати биле зачудувачки.
ХИВ го напаѓа имунитетот и се шири преку размена на телесни течности. Не постои лек ниту пак вакцина што може да го спречи неговото појавување. „Кога ќе го слушнете зборот ХИВ, не може а да не помислите на смртна пресуда. Липав цели 24 часа не сакајќи да поверувам во тоа што ми се случува", вели Amanda.
Отпрвин била загрижена дека нејзиното момче, 26-годишниот Ali Memedov со кого е 6 месеци во врска, ќе ја остави веднаш штом дознае за нејзината состојба.
Но фотографот, кој имал заштитени односи со Amanda, застанал покрај неа и и ја докажал својата љубов со понуда за брак.
Кошмарот на Amanda започнал во јануари при рутински тест за дијагноза на сексуално преносливи болести.
„Откако раскинав со моето последно момче решив да станам фитнес инструктор и да заминам во Турција за време на летните одмори. За време на мојот престој таму го запознав Ali и нашата романса започна. Истата продолжи и кога се вратив во Британија, а за да бидам мирна отидов на рутинска проверка за сексуално преносливи болести. Имав некоја кожна инфекција, но освен тоа, се беше во ред со моето здравје. Сестрата која го направи тестот рече дека изгледа добро и дека најверојатно нема да мора да се вратам повторно за дополнителни тестови. Но, 4 дена подоцна ми се јавија од клиниката и побараа да ми земат уште крв. Веднаш знаев дека се сомневаат за нешто; или ХИВ или сифилис. Ја замолив сестрата да ми каже што се случува и ми објасни дека резултатите покажале дека сум ХИВ позитивна. Не го очекував тоа...
Во новиот број на Unique, што може да го најдете на сите трафики ширум Македонија, дознајте каква била реакцијата на нејзиниот партнер и што направил тој.



















































