
Вака изгледаат Trina и Tom, кои се биолошки брат и сестра, но нивната љубов не познава граници.
Очите на Trina се полнат со солзи секој пат кога почнува да ја раскажува својата животна приказна. 28-годишната девојка работи како финансиски советник, и во својата спална соба каде спие со својот сопруг Tom (30), има само нешта што укажуваат на среќен брак - фотографија на која двајцата се бакнуваат, свеќи за романтично расположение и плакар преполн со заеднички предмети. Но зад домашната идила се крие најголемото табу на овие двајца љубовници - не само што се сексуални партнери, тие се биолошки брат и сестра.
„Знам дека луѓето мислат дека сум болна и дека радо би ме затвориле, но јас не одбрав да се заљубам во сопствениот брат. Тоа едноставно се случи и сега само сакаме да најдеме начин да создадеме здраво бебе. Контроверзно е, но очајни сме да започнеме семејство", раскажува Trina.
Законски, Trina и Tom не може да се венчаат - наместо тоа тие решиле да направат приватна церемонија. И не се единствени. Според едно британско истражување, дури 50% од биолошките роднини кои пораснале одвоени или биле разделени со посвојување на едниот, подоцна искусиле одредена форма на т. н. генетска сексуална привлечност.
Сексуалниот импулс се јавува на средбите помеѓу двајцата роднини кои никогаш претходно не се запознале, а исклучок не се ниту родителите и децата. Овој проблем доби на популарност и интензитет со појавување на социјалните мрежи како Facebook и MySpace, кои истовремено им помогнаа на илјадници луѓе низ светот да ги најдат своите изгубени семејства.
Доктор Maurice Greenberg, британски психијатар, верува дека сето ова се случува како резултат на недостигот од секојдневни заеднички активности. Роднините кои не живеат заедно немаат прилика да се поврзат преку моментите поминати заедно, а кога ќе се сретнат се соочуваат со луѓе со кои делат исти карактеристики и интереси. Привлекувањето на сличностите е нормален животински инстинкт.
„Тие се фасцинирани од нивниот мирис на кожата, од тонот на гласот... Се јавува чувство на љубов и потреба од интимност што не може да се контролира", објаснува Greenberg.
Trina вели дека несоодветните чувства почнале да се појавуваат откако го запознала својот брат.
„Не знаев дека имам брат се додека мојата мајка не умре и најдов слика на која имаше мало бебе и документи за посвојување. Во нив пишуваше дека мајка ми се породила на 14 години; јас не знаев ништо за тоа но веднаш стапив во контакт со агенцијата за посвојување и по три месеци Tom дојде да ме посети.
Знаев дека тој е мојот брат, но нешто чудно почна да се случува. Многу ме привлекуваше а и тој го чувствувал истото, но ниту еден од нас немаше храброст да признае. По две недели молчење се бакнавме, и тогаш се излезе на виделина...
ПРОДОЛЖУВА
Каков живот продолжија да живеат Trina и Tom дознајте во новиот број на Unique, кој е достапен во најблиските трафики ширум Македонија.
.gif)






















.gif)
























