
Зошто да седите дома, кога можете да излезете надвор и да им покажете на сите дека сте трудница со прекумерен сјај.
Многу трудници го делат мислењето дека кога се бремени никој не ги забележува и никој не е заинтересиран за нив. Тоа е една од најчестите причини зошто тие се облекуваат во широки алишта, постојано се намуртени, навечер не излегуваат да се забавуваат туку одат претежно на прошетки со најблиските.
Зошто да го правите и вие тоа? Зошто да не бидете една од многуте трудници кои се секси и сјаат?
Како да го сторите тоа?
Не дозволувајте утринската мачнина да ви го уништи денот
Утринската мачнина е само составен дел од бременоста. Во тие моменти, партнерот треба секогаш да ви е на располагање и да ви биде огромна поддршка.
Вистина е дека вртоглавиците и мачнините можат да ви го уништат целиот ден и сексуалниот живот, но трудниците прават грешка кога мислат дека секоја телесната активност може да ги влоши вртоглавиците и мачнините.
Лошите чувства нема да го влошат сексот со партнерот или пак прошетките со пријателките.
Сексот за време на бременоста е нешто посебно и чин кој ќе ви донесе посебно уживање. Лек за осетливите гради и брадавици е само нежноста на партнерот. Тој мора да внимава да не биде премногу груб.
Искористете ги промените на вашето тело
Прв чекор за разбирање на бременоста е прифаќањето на промените на телото. Највпечатлива промена е секако растењето на стомакот. Во тие моменти, секој ќе сака да го допре стомакот што понекогаш знае да биде потег што иде на нерви.
Покрај растењето на стомакот, крвта во организмот се зголемува па со тоа ќе станете повеќе возбудена и алчна за сите работи кои ве опкружуваат. Поради зголеменото количество на крв, кожата е потопла и сетилата се поразвиени.
Зошто да седите дома, кога можете да излезете надвор и да им покажете на сите дека сте трудница со прекумерен сјај.
Зголемувањето на градите треба да биде уште една причина која ќе ви ја зголеми самодовербата, а на партнерот ќе му се допадне помислата што вие се сметате за секси.
Заборавете ја широката облека
Многу жени мислат дека само затоа што се бремени треба да се облекуваат во широка облека која е неатрактивна. Исто така мислат дека за нив не постои друга облека која одлично ќе им прилега и покрај тоа што имаат вишок килограми.
Сето тоа не е вистина. Во многу продавници за трудници, постои оддел каде може да се најде атрактивна и секси облека.
И покрај тоа, можете да ги видите сите слики на славните дами, кои се сликале во ваквите денови. Тие му покажаа на цел свет дека трудниците имаат посебна убавина и дека можат да видат секси.
.gif)






















.gif)
























