
Време е да ги изнесете сите свои квалитети, и не поради тоа што некој сака да ги види, туку затоа што така се чувствувате секси и женствено.
Се уште сте сингл и не ви се допаѓа тоа? Ваквиот начин на живот може да биде далеку позабавен одошто го замислувате.
Сите ваши пријателки имаат момчиња, некои се венчани и имаат деца и сите ве сожалуваат вас што немате никој. Покажете им дека тоа не треба да биде така, туку дека си го сакате животот токму таков каков што е.
Јадете што сакате
Можеби долго време копнеевте за голем, сочен хамбургер или, пак, вкусна шопска салата со малку кромид. Дозволете си го тоа задоволство без да се грижите дали ќе додадете некој килограм, дали задникот ќе ви изгледа голем или стомакот надуен.
Облекувајте се како сакате
Нема ништо лошо во тоа да покажете колку сте провокативни. Време е да ги изнесете сите свои квалитети, и не поради тоа што некој сака да ги види, туку затоа што така се чувствувате секси и женствено. Верувајте дека слободните момци нема да имаат ништо против малку кожа.
Имајте секс кога сакате
Повеќе не мора да чекате да заврши фудбалскиот натпревар за вашиот сакан да ви посвети внимание. Околу вас има безброј мажи кои со радост би го направиле тоа. Нормално, ова не значи дека треба да легнете со секој што ќе го сретнете, туку дека сега е моментот за врска без обврска. Внимателно избирајте и не заборавајте на заштитата.
Средете си го домот
Слободно потрудете се малку повеќе, обрнете внимание на секој агол. Нема веќе кој да направи хаос. Наредете ја облеката по боја, купете си освежувач на простор. Запомнете, сето тоа го правите само за себе.
Викнете на вечера кој ќе посакате
Повеќе не треба да се плашите од тоа како вашето момче ќе реагира на пријателствата кои ги ширите. Нема повеќе кој да ви префрла и да ви се качува на глава дека не смеете да излегувате со некој конкретен пријател.
.gif)






















.gif)
























