dobra25 ЗОШТО мажите сакаат добри жени, 5 ЗАТОА!
Го привлековте со лудилото, но време е да ја прифатите неговата „добротворна мисија“?
horo2Хороскопскиот знак, љубовта и сексот
Колку ќе ги растресете чаршафите оваа ноќ, верувале или не, може да одреди вашиот роденден!
prijatelkite2Најдобрата пријателка во 8 точки
Од испади на љубомора до сексуални детали се може да се најде на вашето мени за разговор.
sreknata2_copyФилозофијата на моето себе-љубење
Делење на работни места според најдобрата изведба во креветот треба да биде казниво со закон.

Свртете нов лист


4_drugarki

Кога ќе забележите дека се околу вас е сменето, а вие дознавате подоцна за тоа, тогаш е дефинитивно време да смените некои работи.

Штотуку раскинавте со момчето и повеќе немате желба да излегувате на секојдневните кафиња со пријателки, на вечерните журки... Се околу вас се менува, само вие сте истата. Но, дали сте сигурна дека сте комплетно истата личност?

Се разбира дека не. Раскинувањето може да биде прилично тешко, особено за женскиот пол. Но, по кои постапки ќе препознаете дека целосно сте подготвена да свртите нова страница во животот без многу да размислувате на тоа што ви се случило во минатото?

Пријателски однос

Нема никаква потреба за пријателски однос со бившото момче, кога ни тој не се однесува пријателски со вас. Имате доволно многу и доволно блиски пријатели и пријателки. Тој нема да ја збогати листата.

Лоши моменти

Кога по извесно време ќе започнете да размислувате и за лошите работи што ви се случиле во врската и да размислувате за неговите маани и негативни страни, тогаш сте сосема подготвени за нов начин на живот и за нови луѓе.

Љубовни песни

Кога ќе престанете да се депримирате со љубовни песни, подготвени сте за луда журка со вашите најблиски пријатели. Исто така може ќе бидете подготвени и за нови предизвици поврзани со машкиот пол.

Нови вести

Кога ќе забележите дека се околу вас е сменето, а вие дознавате подоцна за тоа, тогаш е дефинитивно време да смените некои работи. Доколку порано не сте посветувале толку внимание на пријателките и нивните проблеми, можеби сега е време да го сторите тоа. Треба да сфатите дека момчето не е единствената убава работа што ви се случува во животот.

Светна сијалицата

Треба навистина да разберете дека вие не губите ништо туку тој. Доколку вие не се цените доволно за да не се понижувате пред него, тогаш не очекувајте и тој да ве цени, кога вие не го правите тоа. Вие сте си најважна и тој губи! Не вие!

Не мислите на него

Кога веќе ќе престанете да мислите на него, но онака целосно да не мислите, да не посветува дури ни една секунда на него, вие сте излечена. Договорете ги другарките и веднаш одете во поход на ново момче.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?