
„Секогаш постапувам погрешно кога станува збор за некое момче, кое штотуку сум го запознала, а ми се допаѓа. Секогаш избрзувам со јавувањето.“
Дали девојките се уште се плашат да го направат првиот чекор? Дали и понатаму ќе живееме во општество во кое мажите мора да бидат тие кои ќе го направат првиот чекор за да започнете романсата помеѓу двајца кои се допаѓаат еден со друг?
Што мислат девојките на оваа тема? Дали тие би го направиле првиот чекор?
„Никогаш не се јавувам прва. Не го правам тоа затоа што немам храброст, туку едноставно не сакам да го сторам тоа. Заинтересирана сум, но ќе го оставам неколку дена да размислува и да се двоуми дали ми се допаѓа или не." - Тамара, 24.
„Имам храброст да го направам првиот чекор. Некогаш се јавувам, а понекогаш не. Некогаш ги оставам да бидат тие први што ќе се јават, а некогаш без двоумење ќе ја кренам слушалката. Ако сум сигурна дека му се допаѓам, не се двоумам. Сигурно нема да се јавам наредниот ден, но по 2 дена, мислам дека ќе го почестам со мојот повик." - Александра, 23.
„Секогаш постапувам погрешно кога станува збор за некое момче, кое штотуку сум го запознала, а ми се допаѓа. Секогаш избрзувам со јавувањето. Едноставно тоа го правам затоа што сакам да знам на што сум и сакам да знам дали и јас му се допаѓам нему или не. Во спротивно не би сакала да му го трошам времето, а воедно, најмалку што сакам е да си го трошам сопственото време." - Бојана, 27.
„Секогаш можам да препознам дали на некое момче што ми се допаѓа, му се допаѓам. Ако навистина многу ми се допаѓа, тогаш не можам да чекам повеќе од неколку дена. Не сакам да губам време затоа што ми се допаѓа, а секако знам дека и јас на него му се допаѓам. Зошто да чекаме кога може да бидеме заедно?" - Ангела, 26.
„Немам проблем со тоа јас да бидам таа што прва ќе се јави, но не практикувам да го правам тоа затоа што едноставно знам дека кога ќе се јавам ќе се збунам и нема да знам што да му кажам. Не сакам да помисли дека не знам да водам најнормален разговор со некој или пак да помисли дека премногу ми се допаѓа и потоа да се дигне во облаци." - Ана Марија, 22.
Што мислите вие за јавувањето? Треба ли девојката понекогаш да го направи првиот чекор?
Би се јавиле ли вие на некое момче кое штотуку сте го запознале, а многу ви се допаѓа?
.gif)






















.gif)
























