
Снаите се водат по некое непишано правило и мислат дека кога ќе се вселат во новиот дом можат да воспоставуваат нов ред и правила.
Знаеме дека пред сопругот се сакате најмногу со вашата свекрва, но што кога тој не е тука? Дали некогаш сте дошле до оној степен што за малку не почнале да летаат ножеви?
Зошто препирањата помеѓу свекрвите и снаите никогаш нема да престанат?
Што мислат тие на оваа тема?
Свекрвите сметаат дека вечен проблем на нивните снаи ќе биде тоа што мајчинската љубов е безусловна и едноставно тука снаите стануваат љубоморни поради тоа што тие никогаш нема да можат да воспостават толку силна врска со сопругот.
„Ниту една сопруга не сака нејзиниот сопруг да стане нејзино дете. Сметам дека љубовта која јас му ја нудам е сосема доволна. Мајчинската љубов знае да биде неправедна бидејќи е секогаш на страната на детето, а тоа нели ја оддалечува сопругата од целата слика. " - Анабела, 35.
„Од кревет, кој долго време јас сум му го местела и топлела, мојот син се сели во креветот на сопругата, што значи дека има нова личност во животот што ќе го води и насочува за сите останати работи во животот. Ние знаеме дека тие имаат потреба од насочување и секогаш ќе бидеме тука за нив, но тоа не значи дека ако синот ми се обрати за нешто, мојата снаа треба да ме мрази." - Загорка, 64.
„Искрено, јас, а ниту една друга жена не би се осмелила да го влоши односот помеѓу мајка и син од една проста причина - и јас сум мајка, а воедно и жена. Но, лошото е што мајките очекуваат нивните синови да ги почитуваат и покрај тоа што лошо ги третираат нивните снаи. Јас не велам дека се е сјајно, но многупати се прават непотребни караници за ситници што реално може или едната или другата да ги завршат." - Ангела, 39.
„Снаите се водат по некое непишано правило и мислат дека кога ќе се вселат во новиот дом можат да воспоставуваат нов ред и правила. Не може некој однадвор да дојде и да очекува членовите на семејството да ги менуваат навиките по кои живееле цел живот, само затоа што на нив не им одговарало." - Мирјана, 58.
„Мислам дека е сосема нормално кога семејството добива нов член, да се прифати тој и да му се овозможи убав живот. Што ако доаѓа однадвор? Тоа воопшто не треба да значи дека нема право на дејство, а уште помалку на збор. Зарем треба сопругите цел живот да молчат само затоа што не се родени во таа куќа? Во таа фамилија? " - Маја, 33.
Што мислите вие? Дали и вие би ги имале овие проблеми во брак? Дали веќе ги имате?
.gif)






















.gif)
























