
Да не беше мајка му и сестра му дефинитивно ќе кажев дека имаме совршен однос. Уште на првата средба заклучив дека не им се допаѓам.
Колку и бев љубоморна на другарка ми Виолета (вистинските имиња на ликовите се променети) кога го запозна Трајче. Не за друго, таа ми е најдобра пријателка, а со оглед на тоа што сите имаа момчиња, се плашев дека досадата ќе завладее со мојот живот.
Не бев во право! Не помина ни месец дена, а тие двајца ми договорија средба со сингл пријателот на Трајче, Злате. Не можев да бидам посреќна, ни си исполни желбата со Виолета да си фатиме дечковци од исто друштво. Можете да замислите, секој викенд, секој одмор, секоја веселба јас ја поминував со најдобрата пријателка и мојата љубов.
И навистина беше тоа голема љубов, ние бевме неразделни, потполно се разбиравме еден со друг и си верувавме. Трајче ни предвиде брак иако идевме само една недела, велеше дека ќе ни биде кум бидејќи тој не споил.
Да не беше мајка му и сестра му дефинитивно ќе кажев дека имаме совршен однос. Уште на првата средба заклучив дека не им се допаѓам. И после пет години идење не сфатив зошто. Секогаш бев културна со нив, иако зад грб слушав секакви коментари. Јас сум била селанка од Лисиче, не сум имала завршено факултет, не сум била заинтересирана да најдам сериозна работа бидејќи сум сметала на издршката од Злате.
Најтешко ми падна кога мајка му изјави дека никогаш не сака да дочека внуци од Злате и мене. Со Трајче и Вики појдовме кај нив на слава, го славеа Петровден, а јас никогаш не смеев да припарам додека местеа маси и искрено избегнував да се појавам порано, сама. Се чувствував како странец, како гостин и не сакав да му создавам непријатности на Злате.
Додека се поздравувавме на врата, се сеќавам Вики и подаде рака и ѝ посака што поскоро да си дочека внучиња. Таа само ладно додаде: „Не ми се потребни никакви внуци од нив двајца, си имам јас внуци од ќерка ми!"
На почетокот, нејзините зборови често ме расплакуваа, но како поминуваше времето се помалку им давав значење. Немав завршено факултет, но немаше ни Злате и тоа ме тешеше дека горе доле сме на исто ниво. Тој работеше како автомеханичар во гаражата на чичко му, а јас работев што ќе стигнев. Кога се запознавме работев во кафе бар, а во последните 3 месеци од врската, работев во приватна фирма како секретарка. Моите родители се образовани луѓе, имаат конекции, но со моето образование тоа беше најдоброто работно место што можеа да го најдат.
Кога Злате ме побара за жена, дефинитивно се уверив дека влијанието на мајка му не и може ништо на нашата љубов...
ПРОДОЛЖУВА...
Дознајте како завршува приказната на оваа девојка, низ страниците на 12-тиот број на Unique, кој може да го најдете низ сите трафики ширум Македонија.
.gif)






















.gif)
























