
Самото тоа што сте тука за неа, значи многу, а верувајте дека кога ќе дојде момент ќе знае како да ја возврати услугата.
Секогаш постои некоја личност од која сте зависна и која исто така е зависна од вас, но не е вашето момче. Станува збор за најверната пријателка, која ќе се најде тука и во добро и во зло и никогаш нема да ве изневери.
Како да возвратите со иста мера и како да бидете брилијантна пријателка?
- Сте ја слушнале приказната милион пати, но реакцијата како да сте ја слушнале прв пат е една од причините поради која имате посебно место во нејзиното срце.
- Знаете дека плачела на денот кога David Beckham правеше свадба, но никогаш нема да ја издадете. Дури ни по неколку чашки јак алкохол.
- Наредниот ден сте на работа и мора да станете во 6 часот за да се подготвите, но сепак успевате да бидете прва на нејзината роденденска забава и последна да останете на подиумот за танцување.
- Имате релаксирачка вечер со момчето. Уживате во неговите бакнежи и прегратки кога таа ви се јавува и ви вели дека има проблеми поврзани со некое момче. Вие без да трепнете го поминувате наредниот час тешејќи ја и кажувајќи и можни решенија за ситуацијата во која се наоѓа. Самото тоа што сте тука за неа, значи многу, а верувајте дека кога ќе дојде момент ќе знае како да ја возврати услугата.
- По една пијана вечер, вие ќе бидете единствената која ќе и ја држи косата додека таа повраќа. Ако во такви моменти сте тука за неа, верувајте дека таа ќе ве смета за личност која некој ден ќе и биде кума на свадбата.
- Секогаш кога имате финансиски проблеми и не може да излезете на журка, а та сака да биде таму поради тоа што знаете дека и симпатијата ќе и биде таму, вие се жртвувате за неа. Ќе најдете пари од некаде иако знаете дека целата вечер ќе ја поминете сама на шанк додека таа разговара и флертува со него.
- Секој пат кога лошо ќе се однесувате пред другите или пак таа ќе биде личноста која лошо ќе се однесува, ќе си бидете тука една за друга за да си укажете на грешките. Знаете дека тоа е најискрен пријателски совет и дека ќе се согласите со се што ќе си кажете една на друга. Можеби ќе биде тешко да се поднесе вистината, но таа е покрај вас затоа што ви мисли најдобро.
.gif)






















.gif)
























