
Не ја префрлувајте вината на него. Не е праведно да играте на таква карта. Со префрлување на вината нема да го постигнете она што сакате.
Ви се случило ли некогаш да се карате со момчето и да не можете да дојдете до збор или пак ни крива ни должна, вината да ја префрли на вас и тој да го има последниот збор?
Како да ја префрлите целата ситуација во ваша корист? Како вие да го имате последниот збор?
Решение на проблеми
Тие се ориентирани кон решавање на проблемите. Презентирајте му ги проблемите и бидете сигурна дека тој ќе има тенденција да ги реши сите проблеми кои ви сметаат.
Вистински момент
Секогаш одбирајте го вистинскиот момент. Доколку сакате да разговарате за некоја сериозна тема, одбегнувајте да консумирате алкохол непосредно пред средбата. Можеби нема да продолжи комуникација онака како што вие сакате.
Премолчете
Не кажувајте нешто додека сте нервозна. Со тоа само ќе и додадете интензитет на караницата и повторно нема да ја постигнете посакуваната цел.
Тивок тон
Внимавајте со каков тон му се обраќате. Верувајте дека ако се дерете и му го кажувате она за кое сте сакале да правите муабет, пораката нема да ја сфати. Со дерење нема ништо да постигнете. Затоа кога ќе бидете смирени, направете муабет со него.
Прекин
Не го прекинувајте додека говори. Замолете го и тој да го стори истото за вас. Доколку се прекинувате нема да се разберете и залудно само го правите муабетот.
Вина
Не ја префрлувајте вината на него. Не е праведно да играте на таква карта. Со префрлување на вината нема да го постигнете она што сакате.
Кажете му едноставно како сте се почувствувале и дека тоа што се случило (а не она што го направил) било болно за вас.
.gif)






















.gif)
























