
Има профил на Facebook и на сите слики вашите пријатели и коментираат. Сигурно си велите „На мене толку не ми коментираат, зошто и коментираат на мајка ми?“
Ви се случило ли пријателите постојано да ви велат дека имате кул мајка и дека посакуваат и нивната да е како вашата?
Секако ласка што имате супер мајка со која може се да споделите, но понекогаш може да ве иритира фактот што пријателите зборат само за неа и за тоа колку е супер, а не за тоа што ви се случува вам.
Кои знаци ќе ви откријат дека вашата мајка е покул од вас?
Мобилен телефон
Таа го има најновиот модел на iPhone, а вие се уште се шетате со најстариот модел на Nokia затоа што не сакате многу промени.
Телевизор со рамен екран
Вие дома имате прастар телевизор и DVD што не можете да го поврзете со телевизорот, додека вашата мајка им телевизор со рамен екран и најновата технологија што оди со тоа.
Кратки шорцеви
Не ги носела со години, но се уште длабоко во плакарот има кратки шорцеви кои секако нема да ви ги даде да ги носите.
Тежок ден
Постојано се жалите како ви било напорно на работа и дека не сте го добиле кафето на време, се додека вашата мајка не ви се пофали дека кога таа работела, кафето ја чекало подготвено на маса.
Семеен одмор
Кога сте заедно со вашите родители на одмор, си доаѓате секогаш порано за да не ги вознемирувате дека доцна се враќате. Вашата мајка наредниот ден ви кажува дека си поминале одлично со вашиот татко во локалниот бар.
Пријатели
Кога и да им се пожалите на пријателите за вашата мајка тие ви велат „Леле доста како можеш да збориш така за мајка ти. Како мојата мајка не е како твојата!"
Има профил на Facebook и на сите слики вашите пријатели и коментираат. Сигурно си велите „На мене толку не ми коментираат, зошто и коментираат на мајка ми?"
.gif)






















.gif)
























