
Сосема е во ред да правите откачени работи. Така го живеете животот до максимум. Затоа е сосема во ред доколку отидете до канцелариите на мобилниот оператор кој го користите и да им се заканите дека сакате да ја прекинете соработката со нив.
Постојат многу работи кои можат да ве налутат, но доколку некое момче ве гледа од страна ќе си рече „Леле колку е лута, не би сакал да сум во нејзина близина. Мислам дека е способна да ме убие."
Секако не би сакале некое момче да го мисли ова за вас, а од друга страна, не треба да се напнувате и да се спречувате сама да изреагирате на некоја ситуација, само поради фактот дека вашата симпатија може гледа како се однесувате и ве тестира.
Затоа, постојат некои работи кои се сосема во ред да ги направите и во исто време да бидете прекрасна.
Кои се тие?
Комплименти
Сосема е во ред да се изнервирате доколку некој не ви даде комплимент за новиот фустан што сте го купиле пред неколку дена. Но, тоа не значи дека веднаш треба да им се дерете на пријателки и демонстративно да си отидете дома.
Се што треба да направите е да си молчите и да се забавувате. Ако тие не го забележат тоа, некое момче верувајте дека ќе го стори тоа.
Порака
Знаеме дека сте популарна во друштвото, а можеби и пошироко. Редовно примате пораки од момци кои не ги знаете, а им се допаѓате. Сосема е во ред доколку некогаш не вратите на некоја порака која вели само „Како си?"
Нарачка
Сосема е нормално секој ден да нарачувате од истиот ресторан и секако истата храна што веќе со месеци ја јадете. Што има лошо во тоа да уживате во она што ви се допаѓа, колку и да им изгледа чудно на луѓето околу вас?
Мобилен оператор
Сосема е во ред да правите откачени работи. Така го живеете животот до максимум. Затоа е сосема во ред доколку отидете до канцелариите на мобилниот оператор кој го користите и да им се заканите дека сакате да ја прекинете соработката со нив.
Вашите пријатели ќе ви се восхитуваат на храброста, а од друга страна може да добиете многу бенефиции само за да се ја прекинете соработката.
Автомобил
Сигурно ви се случило да се одвезете со автомобилот до некој клуб, каде ќе се забавувате со пријателките и малку повеќе ќе претерате со алкохолот. Сите сме свесни дека не треба да возиме под дејство на алкохол. Некој тоа го почитува, некој не.
Бидете вие од оние што нема да возат и отидете си дома со такси. Сосема е во ред да го оставите автомобилот на некој паркинг. Никој нема да ја украде, а уште помалку да ви ја земе пајак служба.
Име на бебе
Сигурно постојано разговарате со пријателките за тоа како сакате да се викаат вашите бебиња. Мислите што ќе им купите, како ќе ги викате скратено...
После некое време, вашата пријателка забременува и детето ќе го крсти со она име кое вие едноставно сте го обожавале.
Во ред е да се налутите затоа што тоа било ваша идеја, а секако вие сте пријателки. Сигурно нема децата да ги крстите со истите имиња. И вака и така има милион имиња на планетата земја. Додека да имате сопствено дете ќе го смените мислењето за името уште неколку пати.
.gif)






















.gif)
























