
Следните неколку недели Kate била зафатена со работни обврски – се обидела да не мисли на Rob но длабоко во себе чувствувала дека нема да има мир уште долго.
„Се разбудив сред ноќ а неговото возбудено тело го допираше моето. 'Што правиш?' - го прашав експресно станувајќи од креветот. Промрморе нешто што личеше на 'извини' и веднаш замина. Не знаев што се случило. Rob* ми беше само пријател. Се дружевме веќе некое време, а таа вечер отидовме на пијалак. Беше доцна па ми дозволи да преспијам во неговата гостинска соба, затоа што бев премногу уморна за да возам до дома. Никогаш не постоеше искра помеѓу нас, па не ми беше непријатно да ја прифатам неговата понуда. Четири часа подоцна се разбудив и сфатив дека се обидува да има секс со мене. Се почувствував злоупотребена, но не се плашев. Неговата постапка беше глупава и патетична, не опасна. Дури и се вратив на спиење."
Можеби постапката на Rob навистина била „глупава и патетична", но Kate Marlow во тоа време не знаела дека тоа искуство ќе и го промени животот.
Следното утро, Kate се почувствувала засрамено. Како што пренесува британски Glamour, заминала од куќата на Rob без поздрав и веднаш и се јавила на најблиската пријателка.
„Додека возев се обидував да се сетам на минатата ноќ. Не испив многу, а сепак имав дупки во сеќавањето. Можеби ме дрогирал, се прашував дали јас сум виновна или сум направила нешто што би го натерало да влезе непоканет во мојата соба. И иако заминав кај мојата пријателка, немав храброст да и кажам ништо. Поразговаравме за неколку вообичаени работи и заминав дома. Се истуширав и легнав да одморам, но не успеав да заспијам. Се чувствував тажна, осамена и засрамена."
Следниот ден Rob и телефонирал на Kate, но таа не сакала да разговара со него. Сепак, сметала дека ќе дознае нешто повеќе ако му дозволи да зборува.
„Ме праша како се чувствувам и дали сум добро затоа што утрото не ме нашол. Му кажав дека се е во ред и возвратив со прашање 'како си?'. Не можев да им поверувам на своите зборови. Имав триесетина години; бев успешна, професионална, самоуверена - и сега наеднаш почнав да се плашам од овој човек. Бев премногу засрамена да го прашам што се случило и се убедив себеси дека претерувам."
Следните неколку недели Kate била зафатена со работни обврски - се обидела да не мисли на Rob но длабоко во себе чувствувала дека нема да има мир уште долго. Месечниот циклус и доцнел една недела, но таа мислела дека тоа се должи на стресот околу ситуацијата со Rob и преселбата во нов стан.
„Првата ноќ во новиот стан бев сама и знаев дека нешто не е во ред. Не само што менструацијата ми доцнеше туку и ги немав вообичаените предменструални симптоми. Никако не можев да поверувам дека Rob ме силувал... да било така ќе се разбудев многу порано."
Не можејќи да ја издржи неизвесноста, Kate купила тест за бременост следниот ден.
„Рацете ми се тресеа... Кога се појави сината линија, што значеше дека тестот е позитивен, седнав на подот во бањата само за да не се онесвестам. Мојата бременост значеше дека Rob имал секс со мене додека сум спиела, а сум се разбудила во моментот кога тој завршил. Тогаш ми стана јасно зошто го имаше тој израз на лицето... знаев дека е виновен за нешто и дека тоа нешто вистински го измачува. Но не сакав да го правдам."...
*Името е променето
ПРОДОЛЖУВА...
Дали Kate го задржала бебето? Каков бил нејзиниот живот по сознанието дека нејзиниот пријател ја силувал и останала бремена од него дознајте во новиот број на Unique, достапен во сите трафики ширум Македонија.
.gif)






















.gif)
























