
Тој упорно негираше и ме убедуваше дека тоа е Дарко што работи во Топлификација, дека има помала сестра и дека секоја вечер е кај него во маало бидејќи веќе неколку месеци како излегува со неговата другарка од детството.
Ние сме 5 другарки кои успеале речиси во исто време да започнат сериозна врска. Уште поспецифично е тоа што успеавме вистински да ги спријателиме нашите момчиња, факт што ќе му донесе одлична иднина на нашето пријателство. Дарко и Благица (вистинските имиња на ликовите се променети) се дефинитивно најдобар пар, уште еден момент за кој сме едногласни.
Тие двајца успеваат да се разберат со поглед, прекрасно изгледаат заедно, а мислам дека не постојат луѓе што успеале толку многу да се спријателат и приврзат како нив. Другаркиве велат дека е до Благица и нејзината зрелост, таа имаа таква кротка природа што секогаш делува смирувачки врз луѓето. Но, јас мислам дека тајната е во комбинацијата на овие две суштества и карактери.
И додека ние водиме војна со партнерите бидејќи сме решиле да организираме girls night, Благица резервира сепаре, веќе има смислено што да носи и освен звукот дека и стасала порака, најчесто љубовна, нејзиниот телефон може да не заѕвони цела вечер додека лумпуваме.
Бев на работа кога ги префрлав фотографиите од претходната вечер на мојот лаптоп. Почнав да се смешкам гледајќи ги фаците што сме ги направиле, кога ми се приближи колегата од зад грб за да види каде сум била излезена.
Се изненади кога го виде Дарко на фотографиите и веднаш ме праша од каде се знаеме. Му кажав дека е дечко на другарка ми, а тој само додаде: „Ааааа, значи се знаеш и со Ангела?" Јас ја смуртив фацата и додадов: „Која Ангела? Дарко иде со Благица, ти да не си се препознал?" - и му ја покажав Благица на една од фотографиите.
Тој упорно негираше и ме убедуваше дека тоа е Дарко што работи во Топлификација, дека има помала сестра и дека секоја вечер е кај него во маало бидејќи веќе неколку месеци како излегува со неговата другарка од детството.
Кога ги дослушав сите информации што ги наброја, сфатив дека срцето силно ми лупа, а нозете ми се пресекоа.
Три дена собирав храброст за да ѝ кажам на Благица, секој ден го распрашував колегата за да не кренеме паника без потреба, знаете и тој беше загрижен за другарка му. На крај се договоривме дека е време да им кажеме.
Како и обично, Благица мирно ме ислуша што имав да кажам и само смирено додаде: „Не грижи се, ќе провериме." - таа ме тешеше мене. Си замина од кај мене дома и по еден час можев да го слушнам нејзиното липање на телефон...
ПРОДОЛЖУВА...
Ќе биде ли Благица шокирана од вестите што ги дознала? Како ќе изреагира? Што ќе се случи со неа и Дарко дознајте во новиот број на вашето омилено списание Unique, кое е достапно во сите трафики ширум Македонија.
.gif)






















.gif)
























