
Во момент на страст подготвени сме да направиме речиси се, дури тоа и да значи да се соблечеме пред фотоапаратот и да позираме или пак да снимаме домашно видео.
Врската не е нешто што само ќе се негува и ќе преживее. За да се има една сериозна, добра, убава и безгрижна врска потребно е на неа постојано да се работи и да се вложува љубов, напор, желба...
Постојат неколку работи што во никој случај не смеете да си ги дозволите ако сте во врска со некој, а сакате таа врска да продолжи да постои.
Кои се тие?
Не ги заборавајте пријателките
Колку пати се случило некоја пријателка да фати момче и да ја нема да ви се јави со месеци, се додека нејзината врска не почне да се распаѓа и се реши да ве побара? Сигурна сте дека и вие сакате да станете таква?
Дали љубовта кон момчето вреди толку за да ги загубите пријателките? Поставете си приоритети и не го тргајте личниот живот на страна затоа што не знаете колку долго ќе трае некоја врска.
Избегнувајте разголени фотографии и порно филмови
Во момент на страст подготвени сме да направиме речиси се, дури тоа и да значи да се соблечеме пред фотоапаратот и да позираме или пак да снимаме домашно видео.
Сето тоа е во ред, но како ќе реагирате доколку раскинете со момчето со кое сте го направиле тоа и наеднаш тоа видео или слики се најдат на интернет?
Поранешните момчиња нека останат во минатото
Девојките често разговараат за поранешните момчиња со пријателките, но тоа може да се случи и со партнерите.
Девојки, верувајте дека ниту едно момче не сака да слуша за вашата прекрасна поранешна врска која на крај завршила болно. Љубомората секако е добредојдена, но не би сакале таа да премине во голема караница, нели?
Задржете ја приватноста
На почетокот на врска со некое момче не сме толку слободни да правиме некои работи.
За разлика од овие парови, постојат и оние кои се со години заедно и кои веќе се чувствуваат доволни блиски за да прават работи кои на почеток на врска не би ни помислиле. Чепкањето уши, поправањето на долната облека, депилирањето пред партнерот се сосема нормални работи во долгогодишна врска. Но, одењето во тоалет сепак треба да се зачува за себе без разлика колку време сте со партнерот.
Избегнувајте секс со поранешното момче
Многу девојки се нашле во ваква ситуација и верувајте не произлегло ништо добро од нив.
.gif)






















.gif)
























