
Најчесто кога сте под дејство на алкохол ќе сакате без причина да му се јавите, но не заборавајте дека ќе треба да му го чуете гласот и на тој начин можат да ви се вратат сите слики и чувства за него.
Многу методи за преболување во минатото време биле поврзани со една голема кутија сладолед, шамичиња покрај себе, многу солзи и романтични филмови. Денес тие методи едноставно мора да се сменат.
Раскинувањето е многу лошо и секако проследено со тага, гнев и во некои случаи мноооогу солзи. Едноставно тоа никогаш нема да се промени. Во денешно време раскинувањето може да биде уште поболно затоа што технологијата е голема пречка во постигнување на таа цел.
Конкретно да го земеме вашиот и неговиот профил на Facebook. Facebook-от е постојан потсетник дека тој е присутен. Покрај тоа, неговите нови пријателки можат само повеќе да ве збунат и да ви ги измешаат чувствата.
Но, како да направите за да овој профил да не влијае на вас? Како полесно да го преболите?
Внимавајте што објавувате
Откако малку ќе ви помине, ќе влезете во онаа фаза каде сте извадена од такт. Гневна сте затоа што врската не ви успеала и сакате да му покажете дека можете вие да имате некој многу подобар од него. Сакате да му покажете дека сте продолжиле со животот.
Facebook-от е совршеното место за тоа, но не одете во таа крајност. Постојано ќе ставате статуси каде ќе одите, што ќе правите, со кого ќе бидете... и ќе се надевате дека тој или некој од неговите другари ќе го забележи тоа. Поентата на раскинувањето не е повторно да се вовлекувате во старата врска и да не го преболите, туку токму спротивното, да го заборавите целосно. Затоа имајте социјален живот и не станувајте зависни од социјалните мрежи од кои нема да имате мир.
Блокирајте го
Нема да ви биде убаво доколку видете некоја тагната слика од него како прегрнува друга девојка. Не ви треба тоа во моментов. Затоа најлесниот чекор е да го блокирате па кога ќе се чувствувате подготвено и нема да ви пречи неговото присуство било каде, може слободно да го деблокирате.
Во никој случај не му пишувајте
Раскинавте и сакате да го преболите? Зошто да му се јавите или да му пишете порака?
Најчесто кога сте под дејство на алкохол ќе сакате без причина да му се јавите, но не заборавајте дека ќе треба да му го чуете гласот и на тој начин можат да ви се вратат сите слики и чувства за него.
Ќе си речете: „Во тој случај подобро е да му пишам порака!" Но, верувајте не е полесно.
Доколку му пишете, а тој потоа не ви врати ќе бидете разочарана и ќе сакате да му се јавите и да му се дерете. Затоа избегнете ги овие ситуации и едноставно продолжете со животот без него.
.gif)






















.gif)
























