
Доколку не сакате да направите неред во домот, едноставно може да излезете со најблиските пријателки на вашето омилено место и да си поминете забавно како и секогаш кога излегувате со нив.
Зошто Денот на вљубените да биде празник на сите оние кои имаат девојки и момчиња? Што со оние кои немаат некоја сакана личност токму на овој ден?
Немањето партнер за овој празник не значи дека вие не треба да го славите овој празник. Денот на вљубените не е само празник за славење на љубовта помеѓу момче и девојка. Овој празник ја слави љубовта кон себе, кон пријателите, роднините, светот...
Ние смисливме неколку интересни начини за славење на овој празник доколку сте сингл...
Организирајте забава
Сама за Св. Валентин? Зошто тоа да не биде „Сама, но исполнета за Св. Валентин!"?
Направете забава во вашиот дом, повикајте ги сите пријатели и пријателки, роднини... Што повеќе, толку подобро. Бидете опкружена со луѓето кои ги сакате и кои ве сакаат. Нема ништо подобро од тоа чувство.
Поминете го празникот со пријателките
Доколку не сакате да направите неред во домот, едноставно може да излезете со најблиските пријателки на вашето омилено место и да си поминете забавно како и секогаш кога излегувате со нив.
Занимавајте се со себе
Бидејќи Денот на вљубените е празник на љубовта, зошто да не го поминете денот сакајќи се себе?
Прошетајте се низ трговскиот центар, купете си нешто ново. Средувајте се, посветете си време на себе... Наполнете ја кадата, запалете свеќи, нарачајте храна. Правете се што ќе посакате за да се третирате убаво.
Праќајте картички
Зошто да не им пратите картички на сите оние кои имале позитивно влијание врз вашиот живот? Вашите родители, братучеди, колеги, пријатели... Самиот гест ќе украде насмевка на туѓите лица и ќе го направи светот многу подобро место.
Најдете ново хоби
Честопати сте сакале да правите нешто поразлично, но никогаш не сте имале храброст за тоа? Зошто да не почнете некое ново хоби кое ќе ви го исполни слободното време?
.gif)






















.gif)
























