
Конечно излеговте со пријателките и дознавте толку многу нови работи за нив? Сфативте дека додека вие се трудевте да го вратите назад во вашите прегратки, на пријателките им се случиле преубави работи и тоа не можеле да го споделат со вас?
Кога ви раскинуваше, се чувствувате како да ви го откорнал срцето и намерно ви го гази, додека вие го гледате тоа. Но, со текот на времето, таа болка се намалува и почнувате да се чувствувате повторно убаво во своја кожа.
Кои знаци ќе ви покажат дека повеќе не патите по него? Дека можете да бидете сама и дека не ви е ни најмалку потребен?
Трета личност
Ви се допаѓа некој друг? Тоа е еден од показателите дека поранешното момче треба да остане во минатото. Покрај тоа, зошто би се викало поранешно момче? На добар пат сте целосно да го заборавите. Само треба да се опуштите и да ги отворите очите.
Мобилен телефон
Изгубивте мрежа на неколку минути или пак батеријата целосно ви се испразни и вие не се ни насекиравте дали може некој да ве добие? Во други случаи ќе паничевте да не си помисли нешто момчето, но сега веќе не ви е ни гајле, нели?
Компјутер
Компјутерот на работа е расипан и ги избриша сите убави разговори и слики со него, а вие не сте под бирото за да плачете? Така треба! Порано или подоцна вие ќе бевте таа што ќе ги избришеше сликите.
Фантазија
Порано фантазиравте дека ве удрило кола и вие сте во кома, а тој доаѓа да ве посети затоа што сфатил дека се уште ве сака?
Кога ваквите фантазии ќе исчезнат, пополека ќе исчезнува и сликата од вашата глава за него.
Пријателки
Конечно излеговте со пријателките и дознавте толку многу нови работи за нив? Сфативте дека додека вие се трудевте да го вратите назад во вашите прегратки, на пријателките им се случиле преубави работи и тоа не можеле да го споделат со вас?
Време е да дознаете се и тоа во детали.
Пријатели
Кога конечно ќе решите дека не вреди да бидете пријатели со поранешното момче, тогаш сте на вистинскиот пат кон целосно преболување. Покрај тоа, веќе имате доволно пријатели, нели?
Неговата мајка
Кога ќе ја сретнете неговата мајка и кога таа ќе почне да ви кажува како ве сакала и како мислела дека вие ќе бидете таа за нејзиниот син, вие не се растажувате! Само напред.
.gif)






















.gif)
























