
Каков бил натпреварот или каков бил голот што Пандев го дал, баш и не ни е интересно.
Ние жените сме такви човечки суштества што сакаме да раскажуваме како сме поминале на работа, на состанок, на некој концерт, на кафе со пријателките, изминатиот викенд...
Мажите се оние кои постојано забегуваат си мислите и не слушаат ни збор што кажуваме. Понекогаш, кога тие ќе започнат нешто да објаснуваат, ние едноставно сакаме да им го намалиме гласот и да одлетаме и ние некаде со мислите.
Во кои ситуации навистина ние здодевно што ни говорат?
Секс
Сексот едноставно не е одговор на секоја ситуација. Секс за смирување е одличен, но секако по една добра караница.
Спорт
Каков бил натпреварот или каков бил голот што Пандев го дал, баш и не ни е интересно. Како што тие не сакаат да слушаат што се случило во нашата омилена шпанска или сега доста актуелни, турски серии, така и ние не сакаме за спортот да слушаме.
Филм
Изреките од неговиот омилен филм не ни се интересни затоа што некои работи од филмовите едноставно не се реални или пак немаат никаква допирна точка со нашиот живот.
Совет
Советите кои мажите ги примаат од своите пријатели не се баш сјајни кога станува збор за нас. И тие едноставно немаат никакво значење за нас.
Реченици
Тие ќе кажат било што само за да избегнат сериозен разговор. Кога ќе почнат да трескаат секакви глупости, едноставно ни се крева коса.
Претерување
При сериозен разговор, доколку ни кажат дека претеруваме,прават грешка. Тоа е момент кога секоја жена се исклучува и е способна да каже буквално се, и она што мисли и она што не мисли.
.gif)






















.gif)
























