
Затоа померете ги границите и испловете од вашето безбедно пристаниште. Фатете го ветрот во едрата и истражувајте, сонувајте, откривајте!
Секој ден сакате да започнете одново, сакате да живеете порелаксирано и да прекинете со избрзаните одлуки, а пак стравот е вашиот најголем непријател за да ги прифатите животните предизвици. Писателот и предавач Mark Twain ви дава 6 совети како најлесно да го постигнете тоа:
Сум поминал низ многу ужасни работи, некои од тие и навистина се случиле.
Да, сте поминале низ лоши работи во вашиот живот, но многу повеќе сами на плеќите си ставате товар за работи кои никогаш не ви се случиле, но кои ве плашат. Зошто да се преоптоварувате дали ќе ве остави партнерот наместо да уживате во цутот на вашата врска? Секогаш се плашите од нешто и непотребно го заморувате својот ум со тие ужасни работи наместо да уживате во мирната сегашност.
За 20 години од сега ќе бидете повеќе разочарани за работите кои не сте ги направиле отколку за оние кои сте ги направиле. Затоа померете ги границите и испловете од вашето безбедно пристаниште. Фатете го ветрот во едрата и истражувајте, сонувајте, откривајте!
Сакаме безбедност! Секогаш се закотвуваме на најсигурното место или за најсигурното момче кое нема да не повреди. Сетете се само дека најубавите работи во животот ви се случија кога одлучивте да го прекршите ова правило и појдовте по тоа што навистина го сакате, без разлика на опасноста. Преголемата грижа околу иднината ве спречува да делувате во сегашноста. Ослободете се од тоа чувство затоа што никогаш нема да ја предвидите иднината. И да имате милиони во банка во секој миг постои ризик да ги изгубите.
Кога луѓето не не почитуваат ние сме остро навредени, но длабоко во срцето ретко кој човек многу се почитува себе си.
Колку пати во себе само ги повторувате зборовите кои ви ги кажа некој, кој го стори тоа за да ве повреди? Повторувајќи ги се повредувате сами себе многу повеќе отколку било кој друг што може да ве повреди. Затоа следниот пат кога ќе чуете навредувачки зборови за себе обидете се да ги заборавите во тој миг затоа што со нивното вртење низ вашиот ум и создавање на негативни чувства ќе постигнете само полош ефект.
Тајната да одите напред е да започнете. Започнувањето се сведува да го скршите комплексот на барање премногу и да започнете со првата мала работа.
Бркањето на вашите соништа изгледа како преголема работа, но тоа е затоа што во вашата глава визуализирате нешто што не може да се визуализира. Работите треба да се разбијат на мали парчиња и да се поедностават. Најпросто започнете од средување на вашиот кревет за да ја средите куќата, само на тој начин нема да останете заробени во конфузијата што попрво и на крај да не постигнете ништо. Кон големите цели чекорете со ситни чекори!
Кога сте лути бројте до 4! Кога сте многу лути псујте!
Не донесувајте одлуки кога сте лути. Тоа може да биде само избрзано и несмислено и потоа да се каете. Секогаш избројте, по можност и преспијте, па потоа донесете одлука. Кога имате премногу негативна енергија во себе направете нешто за да ја исфрлите за потоа со чист уми срце да пресечете на вистинското место.
Храброста е отпорност на страв! Надмоќност над стравот е да не обрнувате внимание на стравот!
Успешните луѓе не се бесстрашни, никој не е! Лесно е да верувате дека ако се ослободите од вашите стравови се ќе биде добро, но тоа е само изговор да не започнете. Стравот секогаш ќе постои кога ќе запловувате во непознатото. Не дозволувајте да ве запре, само искористете го како гориво да продолжите понатаму!
.gif)






















.gif)
























