ricЖенети мажи риболоват во диско
Јадицата е Џејмисон, Swarovski и Chanel No. 5, но дали ќе има плен? Дознајте сега!
42-17760246Врската како лек
Дали новото момче ќе ви помогне да ги потиснете чувствата за бившиот партнер?
kikaa4 заблуди за романтиката
Никој не е роден романтичар, но секој може да научи да биде романтичен.
romante1Бев и останав неговата ахилова пета
За вас знаеше.... пред светот со постапки да нацртa: Да, таа е вистинската.

Работа барам, работа нема!


rabota3

Пративте CV на над 50 места, а од повеќето од нив ни траг, ни глас.

После четиригодишно макотрпно вложување во својата иднина, учење и бессони ноќи, конечно дојде време за практична реализација на оваа долгогодишна инвестиција започната од најрани години во основното училиште, па средно училиште и на крај факултет. Ги крунисавте додипломските студии, но барем за сега единствено што добивте е дипломата на ѕидот, а со оглед на брзината на нашиот образовен систем најверојатно тоа е само Уверение.

Со уверението под рака, полни со елан тргнавте во потрага по работа од соништата, онаа по која копнеевте уште во средно училиште и која ве натера да се запишете токму на факултетот кој сега го завршивте.

Куп неодговорени мејлови

Најди работа, вработување, барам работа и многу други беа само дел од вашите секојдневни web дестинации, а огласниците и распрашувањето по пријателите не беа ни скалило подолу на вашата листа на дневни задачи.

Пративте CV на над 50 места, а од повеќето од нив ни траг, ни глас. Некогаш ќе ве израдуваше некој повратен мејл, но тоа ќе беше само чиста формалност дека сте влезени во изборот и слично.

После повеќе обиди и многу напишани мотивациони писма конечно добивте датум за интервју. Малку понадежни, исполнети со позитивна трема заминавте на првото од редицата интервјуа.

Редица интервјуа

На првото сфативте дека интервјуто е чиста формалност, а човек за тоа работно место е одамна одбран, можеби и вработен, а сега е ред само законски да се пријави.

На второто се погоди газда со неморални вредности на кој поважно му е како изгледате и колку се „широки" вашите погледи отколку дали имате квалификации за соодветното работно место.

На третото интервју конкуриравте, бидејќи повеќе и немавте каде, за работно место кое е сосема различно од вашата струка или можеби за кое и воопшто не се бара високо образование. Потковани со искуство од претходните заминавте да ја одиграте ролјата на неамбициозна девојка која никогаш во животот нема да посака да работи нешто соодветно на нејзината диплома. Искрено го убедувавте сопственикот дека продавачка е се што сакате да бидете во животот, но дури и за таму конкуренцијата е огромна. Река од апликации се пристигнати на неговиот мејл, а после вас чекаат уште 5 девојчиња.

Работа што не ја сакате

Отидовте таму, но и сама недоволно сигурна дали воопшто имате желба тоа да го работите тоа. Но работете! Прифатете ја работата затоа што било која работа е подобра од бесцелното седење дома и оптоварување на умот со вашата несреќа и неуспешност. Откога ќе го прифатите предизвикот да започнете од негде, вложете максимален труд,  само така ќе најдете смисла во таа работа која не ви е по желба и ќе се чувствувате поисполнети.

Паралелно со тоа вие слободно следете ги огласите и барајте си ја својата работа од соништата затоа што таа ќе се појави кога најмалку очекувате, а таму некаде сепак постојат луѓе кои го ценат квалитетот, а не врските или партиската книшка. Барајте работа, но не исполнувајте се со негативни чувства после секој доживеан неуспех затоа што големиот пресврт доаѓа кога најмалку очекувате!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?