devojka_vo_kolicka„Мојот соученик ме застрела“
Некои луѓе не потклекнуваат ниту после тежок инцидент.
daleku1Километрите Vs. Љубовта
Тој го купи својот билет и без размислување допатува во вашиот град, да ја види вашата насмевка.
afera1Се за љубовните афери во бракот
Речиси 70% од сите женети мажи и 60% од мажените жени имале љубовни афери.
42-17760246Врската како лек
Дали новото момче ќе ви помогне да ги потиснете чувствата за бившиот партнер?

Mоќна жена=Посакувана жена

biznis2

Самата знае и верува дека е одличен пакет на младост, убавина, интелигенција и шарм, па со таа енергија ги заразува и мажите околу неа.

На миг можеби и вие сте се запрашале што е тоа што вашата пријателка ја прави магнет за припадниците на машкиот пол.. Да, изгледа добро, но и вие изгледате одлично, можеби дури и подобро од неа, а сепак вашата палета на момчиња е многу посиромашна. Поседува нешто што прави мажите да се лепат за неа, а штом и се приближат, заминувањето од неа е последното нешто што може да им падне на ум.

Или пак ситуацијата е обратна и токму вие сте таа заводничка во друштвото? Ајде да откриеме која e магијата на моќната жена!

Забавна

Таа знае да разговара на секоја тема. Не е плитка и површна „дама" на која чевлите и се животен двигател. Да, ги сака нив, сака шопинг, но ја интересира и најновата театарска претстава или пак нафтената криза која го тресе светот. Сака да се дружи со различен тип на луѓе кои не ги бира според надворешниот изглед или факултетската диплома туку според нивниот карактер и заедничките интереси кои ги делат.

Самоуверена

Дури и да не е најубавата жена на светот, таа секогаш изгледа сосема пристојно и средено. Вешто знае да ги истакне своите позитивни страни и да привлече многу погледи на себе со својата појава и благ заводнички поглед. Чекори самоуверено, свесна за своите квалитети. Самата знае и верува дека е одличен пакет на младост, убавина, интелигенција и шарм, па со таа енергија ги заразува и мажите околу неа.

Релаксирана

Знае да ужива во многуте благодети кои ги нуди животот. На неа не и е  проблем во некоја ситуација да седне на нечист бетон и не прави сцена кога ќе и се скинат новите хулахопки. Има многу пријатели и обожава да се дружи со нив дури и по цена некогаш да го остави момчето во втор план. Тој не е предуслов за нејзината забава или пак диктатор на нејзиниот животен распоред.

Воздржана

Не е тип на девојка која има неконтролирани испади на љубомора. Самоконтролата е нејзина јака страна и знае да се носи со секоја ситуација. Љубомората е неодминлив дел од врската каде што постои љубов, но да се сведе таа на минимум или пак барем да се контролира и рационално да се размисли пред да се предизвика кавга со драмска кулминација е одлика на малку девојки.

Умерена

Таа го сака своето момче, но не оди наоколу да раскажува за својата розова врска. Делата и се многу поважни од зборовите. Не кажува „те сакам" 20 пати во денот, а тоа го прави само кога вистински ќе го почувствува и кога таа ќе посака. Сака да поминува време со него, но го остава слободно да дише и да поминува време со неговите пријатели. Сонува еден ден за олтар и бел фустан, но во свое време и со тој вистинскиот, а на останатите попатни не им ја споменува оваа тема.

Решителна

Цврсто стои на своите ставови. Некогаш знае свесно да влезе во расправија со својот партнер бранејќи го својот став до крај. Го почитува неговото мислење, но нејзиното е најважно за да одлучи каде да пресече. Не трпи неправди и омаловажувања. Да биде почитувана и ценета е основен предуслов за некој да биде покрај неа. Нејзината, а не неговата желба е нејзина заповед.

Амбициозна

Таа не е среќна кога ќе се пофали дека нејзиниот партнер е директор во некоја компанија, туку кога ќе каже дека таа е магистер на економски студии и работи во одделот финансиски ресурси во таа и таа компанија на пример. Знае што сака во животот и самостојно се бори за тоа. Нејзин работодавец не е нејзиниот татко, а само со сопствениот квалитет го достигнала нивото на кое што се наоѓа денес. Задоволна од сама себе таа е полна со позитивна енергија која зрачи при секој разговор. Па кој не би посакал таква жена?

Едно големо ДА за моќна жена, која покрај семејство сака и кариера, која првенствено се радува на своите успеси, а потоа на неговите, знае да се забавува и да ужива во животот свесна дека е сакана или посакувана.

Дали мислите дека треба да сте моќна за да бидете посакувана?




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?