
Кренете го нејзиното его со пофални зборови и оставете ја да доминира во својата кујна и дом.
Колку и да имате искуство зад себе, запознавањето на неговите родители секогаш е предизвик. Нека не ве чуди тоа што неколку пати ќе се обидете да ја одложите средбата, тоа само зборува колку ги почитувате тие луѓе. Но, имајте осет дека не можете постојано да барате изговор за да не појдете кај него на ручек. Никој нема да се сети дека ви е срам, впечатокот што ќе го оставите е дека сте недруштевна и дрска штом ја одбивате поканата. Секој би се изнервирал доколку одново и одново го вади новиот сервис по повод вашето доаѓање, а вие одново и одново не се појавувате. Ова со сервисот ве изненади, зарем не знаевте дека вашето доаѓање е настан за нив како што е и за вас?
Најчесто жените имаат негативен набој кон мајката на момчето, тоа е еден историски круг што само се пренесува од генерација на генерација. За да си помогнете, сетете се на основниот факт - и таа е мајка многу слична на вашата и таа е жена многу слична на вас!
Самоуверено влезете и не заборавајте зад врата да ги оставите ножиците со кои планиравте да ја исечете нераскинливата папочна врска, бидејќи таа ќе остане негова мајка до крајот на животот сакале вие или не. И додека сте таму, не помислувајте да ја освоите во американски стил со подароци и понуди за шопинг. Еве што нема да запали во никој случај...
Да и купите подарок! На вратата се појавувате со подарок специјално избран за неа, само што немате поим што и се допаѓа, а што не. Од авион се гледа лажната префинетост и вашиот очај да ја освоите. А што е со останатите? Тие ќе завршат повредени дека не добија ништо. Многу е подобро да купите шише вино или да донесете десерт, нешто во кое ќе може сите да уживаат.
Да и понудите помош околу поставување на масата! Не се водете по американските филмови, кај нас работите функционираат поинаку. Се знае која е функцијата на гостинот, да седи и да ужива. Оставете тие да се мачат да ве импресионираат вас. Вие ќе се докажувате кога ќе бидете на свој терен. Кренете го нејзиното его со пофални зборови и оставете ја да доминира во својата кујна и дом.
Да го побарате нејзиниот телефонски број! Освојувањето правете го етапно, сигурно дека не може да станете најдобри пријателки после два часа дружење. Зошто воопшто ви е потребен нејзиниот број кога ни сами не знаете за што би разговарале. Нема да испаднете некултурна ако не го побарате, за разлика од тоа да го побарате и никогаш да не се јавите. Наместо бројот обидете се со некој рецепт. Пофалете го нејзинот колач и замолете ја да ви ја открие тајната на вкусот.
Да покажете дека ви е блиска преку озборување! Уште не ја поминавте темата за вашето школување, не се сетивте да и се заблагодарите за прекрасната вечера, а веќе почнавте да ги вадите валканите алишта од плакарот на вашето семејство. Несомнено таа ќе помисли дека сте плитка личност што утре ќе зборува исто и за неа...секако ако воопшто ви дозволи да станете член од нејзиното семејство.
.gif)






















.gif)
























