
Луѓето не се лебеди, тие не умираат кога ќе го изгубат партнерот, тие продолжуваат понатаму.
Луѓето не се лебеди, тие не умираат кога ќе го изгубат партнерот, тие продолжуваат понатаму. Животот е еден и шансата е една да се искористи, да се биде среќен, да се исполнат своите цели и сопственото „јас“.
Животот е претежок, а вие секој аспект од него, секое делче го носите натоварено на вашите плеќи секој ден, секој час. Сите морални вредности, кавги, лоши и добри кажани зборови...
Колку побавно се движите толку побргу умирате затоа што движењето е животот. Ја зграпчувате секоја прилика, шансите не ги оставате неискористени во туѓи раце, правите тоа што ќе посакате во времето во кое ќе го посакате. Понекогаш се водите од „Во љубовта и војната се е дозволено“ понекогаш си опростувате кога газите преку „лешови“ затоа што верувате во исправноста на вашата цел. Вашата среќа е вашата светост, а вашите замисли се патоказите кои ги следите.
Да, околу вас имате роднини, пријатели, љубовници, и сите тие ги носите со себе во вашиот животен багаж. Меѓучовечките врски и многуте познаници му ја даваат најголемата тежина, но тоа е слатка мака.
Без нив не можете, паралелно со нив не умеете затоа сами чекорите, но секогаш ви се блиску при срцето.
Кога ќе сретнете маж само кажете му „Јас сум жената за која не треба да се грижиш“- ќе биде запрепастен, помалку заинтригиран и се разбира воодушевен. Тоа е замката на светскиот патник. Вие не барате за насоки туку едноставно ги слушате своите инстинкти и ги следите.
За жал животната борба за престиж и успех на полето на кариерата, на себе реализација, некогаш може да постане сурова, а тоа ќе го сфатите кога некому ќе кажете: „Го знаеш оној момент кога гледаш во нечии очи и можеш да почувствуваш дека зјапаат во твојата душа и цел свет занемува за миг?.... Па, јас не!“(Up in the air 2009)
Но не очајувајте секое време е вистинско време. Без разлика дали сте се фрлиле на професионална надградба, а срцето затапело од долгогодишната осаменост и вие веќе имате 40 години... Таму некаде секогаш постои некој и верувајте ќе пристигне во вашиот живот, дали порано, дали подоцна, а вие ќе уживате заедно со него во пејзажот на недогледните полиња булки.
.gif)






















.gif)
























