
Добра работа е да ја одвојам таа значајна една минута за своето „Јас“ и да ги поттикнам другите.
Од денес започнете да го градите и да управувате со своето „Јас“ затоа што среќен човек репродуцира среќни луѓе.
Научете како да се радувате, да си помогнете себе, но и да им помогнете на другите. Спенсер Џонсон ќе ви ја олесни работата со овие девет мудри мисли плод на неговиот голем ум.
- Да управуваш со работата значи да управуваш со своето „Јас“.
- Се однесувам кон себе онака како што сакам другите да се однесуваат кон мене.
- За една минута можам да го променам мојот став и за таа минута можам да го променам целиот ден.
- Кога водам грижа за себе, помалку се лутам на себе и на другите. А кога сум посреќен, подобро работам и подобро се однесувам кон другите.
- Да размислуваш само за себе е како да ја јадеш само својата омилена храна. Оброк по оброк по оброк...
- Еден од најдобрите начини да им се помогне на другите е да ги поттикнам подобро да се грижат за себе и да ги наградам кога ќе го направат тоа.
- Кога другите водат сметка за себе, посреќни се со себе, но и со мене.
- Уште поважно отколку да бидам сакан е да сакам.
- Добра работа е да ја одвојам таа значајна една минута за своето „Јас“ и да ги поттикнам другите да го направат истото.
.gif)






















.gif)
























