ispotena_ja_drzi_za_gradiСекс во мал простор
Како да имате секс во автомобил и на други места каде нема да имате многу простор?
couple_enjoyКако да го расположите партнерот?
Прочитајте ги советите на искусните жени што зад себе имаат успешен брак!
kikimikiЕнергијата и среќата од моите 18 години!
Пробајте да инвестирате во личната среќа без оглед на возраста и времето во кое живеете.
mazite_uzivaat_daМажите се ненаситни за...?
Ќе се изненадите од гестовите и зборовите на кои мажите паѓаат во целост.

Се вработив - станав досаден човек!

depresivno3

Вашиот партнер исто е во годините кога мора професионално се докажува, па не е некој голем ентузијаст кога ќе му предложите нерационална авантура.

Дипломиравте и по сценарио како од соништата, многу наскоро се вработивте на работно место соодветно на вашето образование. Среќни со насмевка на лицето, не од шестка до шестка, туку од осмица до осмица, тргнавте во животниот предизвик наречен кариера.

Но после краткотрајниот неколку месечен ентузијазам, се разбуди синдикалецот во вас кој ги бара своите права и наизуст ги научи сите закони за правата на работниците. Причини за ова има безброј, но да разгледаме само дел од нив.

Смртта на забавите и пијанките

Петоците повеќе не се она што некогаш беа, кога знаете дека следното ден треба да станете во 7 часот наутро. Чашата вино во град ја заменивте со досадно кафе и сок, а дискотеката со кино или кафуле.

Преку ноќ како да остаревте за 10 години, а сите ваши младешки лудории останаа заробени во довчерашната „младост- лудост“.

Денес се што правите се осум работни часа, попладневна дремка, неколку часовна прошетка и повторно спиење, а утре? Утре се одново и одново... И така заробени сте во магичниот круг на вашата професионална надградба која полека ве прави депресивни и носталгични по времињата кога се враќавте во 5 часот наутро, а спиевте до еден часот попладне.

Ахх таа сабота

Саботата, единствениот ден кога можете да излезете без да мора да погледнувате постојано во часовникот, исто така го изгуби својот сјај. Да, бесценета е затоа што знаете дека е единствена, но уморот и сонот не прашуваат за дозвола, па така и оваа сабота ја поминавте потпрена на едно сепаре, жедно чекајќи ја одлуката на друштвото да заминете по дома.

Но зрак светлина во сето ова сивило се оние саботи кога успеавте да украдете 2 часа пладневна дремка и полни со елан како средношколец во петок се отворивте до раните утрински часови.

Досадни пријателки и партнер

Пријателките ретко кога ги гледате затоа што и тие станаа сериозни жени со работни обврски, а многу од нив и со партнери „за озбилно“.

Вашиот партнер исто е во годините кога мора професионално да се докаже бидејќи без тоа дипломата може да му остане само украс закачен на ѕидот, па така не е некој голем ентузијаст кога ќе му предложите авантура да заминете во некој ноќен поход, а изутрина да се борите на работното место со подочниците и натежнатите капаци на очите.

И си велите се е така досадно, како во неповрат да замина таа динамична девојка која излегуваше секојдневно, а лудите забави беа неизоставен дел од нејзиното неделно мени. На моменти и си помислувате среќа што имам партнер покрај себе, затоа што да го барате сега, со ова темпо на живот каде се ви се сведува на работата, ви изгледа како невозможна мисија, па дури и за Чак Норис.

Хронично ненаспани

Во недела спиете најкасно до 9 часот поради промената во вашиот биоритам, иако тоа ви е единствениот ден во седмицата кога можете да уживате во прегратката на вашата постелнина, без мирот и комфорот да ви го уништи омразениот телефонски аларм.

Зрак светлина

За да ја залиете вашата разочараност, од начинот на живот кој ви започна сега, а ве очекува до крајот на животот, земете чаша вино, помислете на фустанот кој ќе можете да си го дозволите од следната плата и сетете се дека од лошото има полошо.

Полошо од ова е да седите дома без работа, да земате пари од родителите, да гледате по 3 филма на ден бидејќи сите познаници ви работат, да пиете по 5 кафиња од досада, секојдневните излегувања да бидат ваша единствена „обврска“ и токму затоа да изгубат од сјај.

Вака, вработени, можеби сте досадни, но барем сте корисни жители на оваа ни мала Македонија!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?