
Самодовербата и даваше карактеристика на лепило за посилниот пол.
Беше таа поинаква од другите... Имаше некоја чудна енергија која ја маѓепсуваше околината.
Висока, стројна девојка со долга свиленкаста коса која се виореше на ветрот како победничко знаме на најцврстото копје. Да, таа газеше цврсто по земја, беше реална за себе, беше реална за животот. Цврсто веруваше во своите квалитети, а тоа го докажа и со многуте успеси зад неа.
Магично самоуверена
Самодовербата и даваше карактеристика на лепило за посилниот пол. Тие се врткаа околу неа небаре таа е срна, а тие крдо гладни волци. Секој се трудеше да зграби дел од нејзиното внимание и време, секој сакаше што подолго да остане во нејзиниот живот.
Знаеше да живее со полн здив. Можеби токму и тоа беше нејзината магија. Не се плашеше од злобни коментари, предрасуди или криви погледи затоа што во еден разговор со сите тие завидливци таа блеснуваше со сиот свој сјај, а тие остануваа слепи и неми во ноќта.
Отпорна на болка
Беше силна девојка со челична душа. Дали животот така ја научи кога ја фрли во најголемите пламени јазици и и ги постави најголемите искушенија или така беше родена никој не знае до ден денешен. Болката ретко можеше да ја скрши иако животот како намерно да и приреди неколку непријатни изненадувања.
Затворена за емоции
По сето тоа таа стана непробојно стакло, емоциите тешко допираа до неа, но и тешко извираа. Ретко кој можеше да најде свое место во нејзиното срце. Ги отвори неговите порти само за малкумина, оние најискрените, оние најсаканите.
Момчиња имаше многу, но колку ги сакаше знае само таа.
Имаше, не дека немаше такви, кои сепак успеаа да допрат до неа, но сето тоа беше со доза на резерва од нејзина страна, таа секогаш се сакаше себе си повеќе отколку нив. Но нејзиното време за љубов допрва доаѓа!
Независна млада дама
Независна млада дама која никому не поднесуваше сметки. Го сакаше своето семејство, но не беше од оние девојки кои не би преживеале ниту ден ако се далеку од него. Доволно беше способна сама да чекори и да се бори во животот, да учи, да се надградува, да работи, да заработува и секој ден да учи што е добро за неа. Учењето од сопствените грешки и беше најдобрата лекција која не би ја заменила за ништо на светот!
Ете токму за таа девојка крварат неколку срца во вашиот град. Таа е ненадејната магија која се појави во нивниот живот, им ја покажа розовата страна на животот и остави пустош зад себе.
На шега некогаш ќе речеше: „По мене потоп“, но ироничен е животот, а судбината непредвидлива и шегата се стори вистина!
.gif)






















.gif)
























