
Tогаш ќе сфати дека момчињата се минливи, а пријателството е вредност која останува за цел живот.
До вчера таа беше вашата најдобра пријателка, заедно пиевте кафиња, озборувавте, шетавте до раните утрински часови и ги правевте најголемите лудории заедно, но денес ниту траг, ниту глас од неа.
Некогашната најдобра пријателка
Пријателката со која поминувавте толку многу часови заедно и направивте толку незаборавни спомени, пријателката за која го игнориравте многу пати до сега своето момче, пред некое време фати дечко и од тогаш како земјата да ја проголта.
Секојдневните долгометражни телефонски повици и дневните кафиња станаа минато свршено време, а пак ноќните излегувања се веќе закопани, не 2 туку 10 метри, под површината на земјата.
Љубов или патетика и љубомора?
Дали вашата пријателка вртоглаво се заљуби, фати болно љубоморно момче или пак и станавте досадна не знаете... Изговорите со кои ја одбива секоја ваша покана да се видите се без малку милион, но и таа самата е свесна за своите лаги.
Со работата, недостигот на пари и недоволниот сон се соочувате и вие, па сепак наоѓате време за сите ваши пријателки. Имате и вие дечко, но тој не е епицентар на секое ваше придвижување.
Што се случи со динамичната некогашна пријателка без која не можевте да си го замислите животот? Зар неа некој успеа да ја заузда и да ја оддели од вас?
За него ќе кажете браво! Браво за способноста, спретноста и капацитет за хумор и забава со кое замени цело друштво од 20 луѓе. Иако е тешко веројатно да претпоставите дека постои вакво момче и сета таа преголема љубов повеќе наликува на фарса и патетика, вие сепак се помиривте со судбината.
Оковите пукаат како презреана тиква!
Таа повеќе не е дел од вашиот живот, имате многу други пријателки и забава подобра од било кога, но сепак од време на време ве фаќа блага носталгија.
Проблемот е друг. Проблемот е што цел еден свет и начин на живот не може да се промени преку ноќ. Се што е драстично, се што е премногу пука како презреана тиква на пеколното августовско сонце, па така и на оваа неприродна врска со пранги и окови ќе и дојде крајот.
Лекција по полесниот пат
А таа девојката која овој период беше изолирана од се и секој, а нејзиното момче и беше се што се случуваше во нејзиниот живот, ќе ве побара повторно вас и останатите заборавени пријателки и најверојатно дури тогаш ќе сфати дека момчињата се минливи, а пријателството е вредност која останува за цел живот.
Дали вие ќе и го простите овој грев и ќе најдете мотив за заборав на ова нерационално однесување, кога погази се што градевте со години, зависи од вас...
Но ако сте вистинска пријателка и ја сакате од се срце, сигурно и посакувате да ја научи оваа животна лекција на полесниот пат. И вие имате искуство со ова, зарем не?
.gif)






















.gif)
























