
Понекогаш токму мушичките ве прават најдобра. Еве 9 такви пролетни!
Најдобра сум затоа што...
- Затоа што не знам да готвам. Правам експерименти, пробувам чудни рецепти и потребна ми е неговата помош во кујната. Зар нема да ни биде најзабавно на свет?
- Затоа што не знам да седам дома во петок. Моите адреналински апетити ја прават позабавна нашата врска. Се бркаме низ град, а денот потоа ни е секогаш позабавен, повеќе се посакуваме.
- Затоа што кафето со пријателките ми е задолжителна обврска. Понекогаш го вадам од такт затоа што му ги одбивам плановите, но кај мене пријателките имаат првенство на минување. Знам дека потајно обожава што имам свој живот, а му го дозволувам истото и нему.
- Затоа што знам по дожд и бура, со сандали, да одам до омилената продавница по фармерките кои вчера ми го украдоа срцето. Нерационална сум, но тоа го забавува.
- Затоа што знам да нападнам човек ако каже лош збор за него. Горд е што го чувам во срцето, но му мами и насмевка на лицето секој пат.
- Затоа што знам да викам на сиот глас пред 10 случајни минувачи. Страшно го иритира, но наедно му е мило затоа што сфаќа колку ми значи.
- Затоа што понекогаш сакам да го направам љубоморен. Тој стои рамнодушно од страна, не многу среќен поради моето однесување, но во себе задоволен е што ја има и е сигурен дека е само негова оваа убава девојка.
- Знам да заплачам. Можеби не сака лигавење и се што следи со тоа, но тогаш сфаќа колку сум искрена и е среќен е што не сум восочна кукла без емоции.
- Затоа што сум несовршена. Такви се луѓето! А јас го сакам него токму затоа, затоа што ме сака токму таква каква што сум, несовршена, на моменти нерационална и понекогаш избувлива.
.gif)






















.gif)
























