
Му раскинавте на момчето, поминаа недела, две или можеби месеци, а вие уште не можете да се исправите од болка и да се насмеете од тага.
Сета патетика на оваа ситуација е сведена во фактот, што вие ја донесовте таа одлука. Во ниту еден момент не бевте оставената, а на миг дури и посакувате да се сменети улогите, бидејќи сметате дека на тој начин болката ќе биде помала кога знаете дека не зависи од вас, дека сте сториле се.
6 чекори
Чекор 1: Започнете со соочување со реалноста со самото тоа што ако беше спротивна ситуацијата вие ќе се чувствувавте беспомошна оставена, па дури можеби и искористена девојка, која не може да стори ништо во врска со тоа.
Чекор 2: Вака кога вие бевте таа што собра храброст и стави крај на таа драма, во секој миг можете да се тешите со помислата, дека можете да се премислите и да го повратите во секој миг вашиот поранешен партнер, иако ова е подобро да не го користите со цел да не се враќате на стари спомени.
Чекор 3: Помислете дека ви е тешко, но толку многу време, труд и љубов посветивте на него, а тој немаше ни благодарам, а не пак да помисли да поработи на вашата врска. Значи сте сториле се што беше во ваша моќ и сигурно 10 пати размисливте пред да ја донесете одлуката, значи таа е правилна!
Чекор 4: Не паѓајте во замката да се сеќавате на убавите моменти од почетокот и средината на врската, пробајте да ги потиснете длабоко во себе, а секогаш кога ќе почувствувате носталгија и ќе посакате да го свртите неговиот телефонски број, сетете се на пеколните кавги од крајот на врската, солзите и непроспиените ноќи.
Чекор 5: Кога ќе ве фати жал за него, потсетете се кога бевте оставена, дали тогаш некој размислуваше за вас? Па така и вие не се разнежнувајте и не паѓајте на неговите молби и лелекања. Верувајте кога ќе се смирите ќе биде старата приказна.
Чекор 6: Најдете си хоби, излегувајте со пријателките, обрнете му внимание на стариот познаник или фрлете око врз некое ново момче. Слободни сте, млади и убави.
.gif)






















.gif)
























