
Ако е премногу тажна, откажете ги сите планови, па дури и тие со вашето момче и поминете ја вечерта со неа.
Ја обожавате, не можете да си го замислите животот без неа и заедно ги поминувате најдобрите мигови од живот. Не сте сестри по крв, но сте сестри по душа, на иста бранова должина во лудилото, годините, желбата за адреналин, но и емотивноста. Еве како да ја задржите вашата сакана пријателка.
- Секогаш исполнувајте го даденото ветување и почитувајте го кажаниот збор.
- Бидете тука за неа и во најтешките моменти, рамото за плачење на најблиската пријателка е најдобрата утеха.
- Ако е премногу тажна, откажете ги сите планови, па дури и тие со вашето момче и поминете ја вечерта со неа.
- Дадете и совет од се срце кога и е потребно, па дури и ставете се во нејзина кожа за поубаво да ја разберете.
- Излегувајте и забавувајте се со неа, кога ќе раскине со дечкото.
- Бидете внимателен и активен слушател. Ако постојано говорите само за себе и своите проблеми, бргу ќе ја оттурнете од себе.
- Понекогаш премолчете или проголтајте некои работи, прифатете го нејзиниот карактер таков каков што е.
- Донесете и подароче од вашето патување или за роденден купете и го здолништето кое одамна го посакуваше.
- Бидете искрена со неа, никогаш не измислувајте луѓе, настани, ситуации или лажна приказна колку розова е вашата врска.
- Не ги кријте чувствата од неа, без разлика дали сте тажна или среќна
- Дадете и го вашето омилено фустанче за да изгледа прекрасно во таа нејзина специјална ноќ.
- Направете жртва и шетајте со неа до исцрпување, ако таа не може да ги пронајде вистинските чевли.
- Никогаш не го ставајте момчето како пречка за веќе договорените планови со неа, ако сте договориле „lady’s night“ така и нека биде.
- Без разлика колку и да сте зафатени, пронајдете време за да испиете едно кафе со неа.
- Кажете и го искрено своето мислење за нејзиното момче, но никогаш не осудувајте ја зошто е со него. Тоа е нејзин избор, а вие треба да го почитувате.
- Радувајте се на нејзините успеси, тоа се и ваши успеси.
- Завидливоста и љубомората се строго забранети во вашиот меѓусебен однос.
- Овој петок отидете во вашиот омилен локал, но следната сабота на нејзината омилена дестинација. Компромисот е бесценет!
.gif)






















.gif)
























