
Во животот обично е сосема спротивно а најемотивни далеку зад очите на јавноста, се оние силните девојки, оние кои не велат „те сакам“.
Од уста бисери и течат, насмевката ја дарува секому и 10 минути од своето време издвојува дури и за најздодевната сосетка. Кога сте во нејзиното друштво не можете да останете имуни на сета таа позитивна енергија што ја шири и не можете, а да не се зачудите како смирено реагира на секое задевање, без разлика дали од сопругот или од некоја друга блиска личност.
Дали милните зборови се доказ за „те сакам“?
Навидум совршена девојка, прекрасен карактер и добра душа. Но што се крие зад сите тие милни зборови, подарени насмевки и внимание секому?
Дали љубов е збор или пајажина на дела? Која е вредноста на кажаното те сакам, зар не може тоа да биде една голема лага, како и секоја друга искажана невистина?
Тоа не е љубов!
Не е љубов кога на болниот татко, ќе му се јавиш 5 пати во денот да го прашаш како е. Љубов е да вложиш труд, да отидеш еднаш до кај него со килограм банани и еден сок и да му понудиш масажа со ракија за да му се симне температурата.
Не е љубов на помалата сестра да и кажеш како правиш се за неа, а да те нема во нејзините најтажни мигови да и помогнеш, да ја ислушаш, да и подадеш рака кога тоне, несебично да и подариш дел од своите примања кои се 5 пати над нејзините и да и подариш нешто од срце, но не затоа што таа го побарала тоа од тебе веќе 3 пати.
Бесполезно е сето тоа те сакам и таа емотивна драма на растреперени срца.
Во животот обично е сосема спротивно а најемотивни далеку зад очите на јавноста, се оние силните девојки, оние кои не велат „те сакам“, но ги будите сред ноќ и тие доаѓаат, а знаете ли зошто? Затоа што ве сакаат!
Навидум неемотивни девојки
Тие не глумат пред сосетката, која се што прави во животот е озборување, дека ја сакаат, на неа не губат повеќе од 1 минута потребна за културен поздрав, тие не викаат леле колку ме повреди, туку го чувствуваат тоа и тивко го поднесуваат на својата кожа, не одат наоколу кукајќи за раните кои им ги нанел животот, сами се борат со нив, без разлика колку им е тешко не поднесуваат предавство, не простуваат неверство!
Ете токму затоа ги бие глас на цврсти неемотивци. Но не се толку камени како што изгледаат, плачат и тие во ноќите далеку од сите, а печатот на фини, мили и емотивни дами не е нивна мисија.
Знаат дека љубат од се срце, знаат дека би сториле се што е во нивна моќ да помогнат на љубените и знаат дека поради својата затвореност ќе страдаат во животот од погрешни проценки. Но тоа не ги засега нив, единствено што им е важно е да бидат свои во сопствената кожа!
.gif)






















.gif)
























