
Повторно се разбудивте расплакани и отечени во очите од измината ноќ кога случајно дознавте дека вие сте биле најголемата грешница, преварантка и што уште не, а сето тоа го посведочила една од вашите блиски пријателки.
Во вашиот ум конфузија на бес и желба за одмазда, во вашето срце болка и разочарување од сите овие искажани невистини, кои и немаше ни да допрат до вас ако не ги кажала токму таа, една од оние кои вистински ве познава и знае дека ништо од ова не е вистина.
Се преиспитувате
Веднаш размислувате дали нешто сте и згрешиле во последно време, дали вашиот однос кон неа бил променет или пак сте се насмевнале на нејзиното поранешно момче, но ништо од тоа. Листата на ваши гревови кон неа останува празен бел лист, па од каде побудата за сета таа трач партија?
Нејзиниот здодевен живот можеби или пак лицемерието, себичноста и завидливоста и неа ја заразиле. Се почесто сме сведоци на пропаднати пријателства или пак јавна непријателска пропаганда на две девојки, кои до вчера без неразделни најдобри пријателки.
Иронични коментари
Ироничните коментари околу вашето момче, работа или начин на живот порано не беа дозволени во меѓупријателските односи, а денес се повеќе си задаваме за право да бидеме судии на туѓите животи.
Завидливи на нејзиното ново фустанче, на последниот фатен попуст, на преслаткото момче или лежерната работа пријателките бурно озборуваат за нејзиниот татко алкохоличар или за турболентниот начин на живот.
Кога некогашното рамо за плачење на пријателките се претвори во злосторничката рака која ќе го испука куршумот во вашето срце? Наместо со годините да се зацврстуваат пријателствата, некои се повеќе сакаат да се подбиваат, исмеваат или ситат на туѓите проблеми. Владее заборав на правилата на пријателството.
Туѓата несреќа нема да ни донесе нам среќа, а нејзините солзи нам насмевка. Плачете кога плаче и таа, затоа што тоа го прават пријателките, а позитивните вибрации, па тие се заразни до бесвест. И да не заборавиме, има нешто и во кармата!
.gif)






















.gif)
























