butterfly_efectЕфектот на пеперутките
Чувство како да се наоѓаме некаде во рајот, тоа е она што доаѓа со пеперутките.
placka1Запре животот за разочараната девојка
Од ден на ден се повеќе тонеше во својата самотија и очај, копнеејќи по оној кој и го скрши срцето.
dvojka_u_krevetСекс со бившото момче
Колку е паметна идејата да имате секс со бившото момче?
male_stripperКако да организирате моминска вечер?
Изненадете ја пријателката со незаборавно излегување додека сé уште е слободна.

Зависни од партнерот, депресивни сами?

ocajna1

Сигурно сте способна да се забавувате сама со себе, да си го организирате денот и ноќта, да бидете сингл и среќни!

Да имате партнер е одлично, но да не знаете да функционирате без него е трагично!

Појава 1: Од една во друга долга врска

Сигурно и вие познавате најмалку една таква девојка која само половина година после крајот на четиригодишната врска влезе во нова врска, а на која еве веќе и се наближува третата годишнина.

Девојките кои функционираат на овој начин не можат да живеат без партнер и без љубов во својот живот.

Да се има дечко по секоја цена можеби и не е најдоброто мото при изборот на вистинскиот партнер. Цел живот ќе имате некој покрај себе, а и си ги газите критериумите само поради желбата што побргу да пронајдете некој... Зошто сега кога се уште имате двојка како прва бројка од вашите години не си дадете година во која ќе бидете сами, ќе научите да се забавувате со пријателките и ќе можете комплетно да се посветите на остварување на своите желби, без притоа да се грижите дали ќе ги погазите туѓите?

Сигурно сте способна да се забавувате сама со себе, да си го организирате денот и ноќта, да бидете сингл и среќни!

Дури и да не ви се верува, факт е дека постојат жени кои не знаат да функционираат сами. Без партнер животот им е досаден, а во ноќите ги фаќа депресија.

Одлично звучат сите тие романтични приказни, дека срцето е една половина која кога ќе си ја пронајде другата ќе биде целина и слично, но навистина важно е да научиме да функционираме сами, сами да се бориме, сами да стануваме после ударите и сами да целиме кон врвот затоа што животот е суров, а утре не знаеме што ни носи.

Оваа наша карактеристика ќе ни биде најголем благодат ако еден ден останеме сами на себе. Да се биде зависен од некого е да се даде диктат на нашиот живот во туѓи раце, зарем тоа е поим за среќа?

Појава 2: Ноќ без партнерот синоним за досаден помин

Тука е и онаа група на девојки кои кога се во врска е навистина макотрпна мисија да ги убедите да излезат со вас на „lady’s night“, а секој пат кога ќе го сторат тоа се жалат дека им е многу досадно и први ја напуштаат забавата со оправдувањето дека ноќниот живот во градот е ноќна монотонија.

За нив добриот помин без партнерот е незамислив. Најзабавните пријателки и најсмешните шеги не се доволно добри, ако не го држат него под рака.

Токму затоа со него се трудат да бидат секој ден, а ова е вистинскиот пат до тотално гушење на неговата слобода и пукање на врската.

Да не знаеме сами да ги ја направиме забавна вечерта и насмевката на нашето лице да зависи од неговoто присуство е навистина очајна карактеристика за било која девојка.

Бидете независни, самостојни и позитивни во секоја пригода, токму таквите луди девојки се магнет за мажите!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?