dozd1Секој има свој дождлив ден
Прочитајте ја лекцијата за развеселување на Bredli Trevor Griv, ќе се смеете на крајот!
parents_in_loveРазлични облици на љубовта
Луѓето меѓусебно се разликуваат, па така и нивната перцепција за љубовта е различна.
riba_susiЛоши сигнали уште на првиот состанок
Дали момчето со кое излеговте на состанок е навистина достојно да биде ваш партнер?
srcevidna_bonbonieraПриказни за љубовта
Дали и вие верувате во овие приказни за љубовта?

Пијани СМС пораки

sms1_copy_copy

Пред вас светка екранчето со малите црни буквички, а сето двоумење дали да притиснете „send“ завршува кога ќе ја чуете бурната поддршка од пријателките.

Ах таа слатка сабота… Без ниту една работна обврска вечерва ќе се опуштите после стресната работна недела. Кога само ќе помислите на утрото потоа, поминато во вашата постелнина, срцето ви заигрува од среќа. Пријателките и алкохолот се неминовно залевање на атмосферата, а дестинацијата потоа ја одредува моменталното расположение.

Време за акција

Вечерта полека тече, разговорите како Вруток извираат, а најскриените тајни остануваат голи во кругот на најблиските пијани пријателки. Дури и емотивно најнедостапните пријателки, започнуваат живописно да ја опишуваат драмата  со поранешните момчиња.

И стоп! Штом се спомне овој поим ете го проклетството наречено СМС порака. Се фаќате за мобилниот телефон и за миг се претворате во најспретната дактилографка. Пред вас светка екранчето со малите црни буквички, а сето двоумење дали да притиснете „send“ завршува кога ќе ја чуете бурната поддршка од пријателките дека животот е еден и треба да го сторите тоа што го сакате. И на сцената настапува забрането СМС сценарио.

Првите десетина минути нетрпеливо ја отворате чантата и го острите слухот да го чуете сигналот за новопристигнатата порака.

Ако тоа се случи на вашето лице имате насмевка од шестка до шестка, но и во спротивно тоа не е патоказ кон лошо помината ноќ бидејќи комбинацијата од пријателки и алкохол многу набргу ви го одзема вниманието, а вие се смеете за црвениот кок на сосетката или на црвениот фустан со зелени монисти и мрежестите хулахопки на девојката која во тој миг поминува покрај вас. Дека вечерта ќе биде одлична е повеќе од сигурно, но денот потоа и сандачето со име „outbox“ е она кое ви ја крева косата.

Дали во виното е вистината или во алкохолот е глупоста, заклучувате следното утро во зависност од тоа дали сте добиле одговор на пораката и каков бил истиот.

Доказите за вашата пијана ноќ ги крие токму таа мала направа, која изминатата ноќ ве наведе на грев. Со брзина на светлината ја бришете пораката и слатко или помалку слатко се смеете на вашите дела.

Ако се нервирате помислете само дека луди младешки спомени се нижат како бисери во вашето животно досие, па зарем има нешто лошо во тоа?

Лек за ситуацијата?

Но сепак следниот пат кога ќе планирате жестока „lady’s night“ оставете го мобилниот телефон дома или како мерка на претпазливост избришете неколку броеви од телефонскиот именик (ова нормално нема да ви помогне ако тие се врежани во вашата глава).

Затоа ако мобилниот е неопходоност од која не можете да се откажете оваа ноќ, тогаш предупредете ги вашите пријателки уште пред забавата да започне да го зема својот арач дека вечерва не е дозволено да ве поддржат во ниту една љубовна акција.

На секоја ваша идеја за љубов преку жица или преку СМС нека одговорат со одлучно „не“ и во име на пријателството нека ве спасат од утрешните главоболки и јадови.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?