
Зар рамнодушност посакува од онаа девојка во чија душа гори оган на страст и емоции за него?
Повторно листа на обвинувања паднаа врз вас, со наведната глава седите на осуденичката клупа каде вашиот сакан е обвинителот кој со жар во гласот ги наведува сите докази за вашите неосновани жалби.
Осудена сте дека барате премногу, дека се фаќате за ситници и фрлате сенка врз љубовта со секоја ваша наредна замерка.
Ја барате вашата одбрана
Вие, беспомошниот осуденик, се трудите да го разбудите адвокатот во себе и на наједноставен начин да му кажете дека се лутите затоа што ви значи, дека ако тој е случаен патник низ вашиот живот, како што беше типот со кој се гледавте претходните два месеци пред да се запознаете со него, немаше ниту глас да чуе од вас за навиките кои страшно ве иритираат или за недоволното внимание.
Зар рамнодушност посакува од онаа девојка во чија душа гори оган на страст и емоции за него? Сите останати бараа од вас барем малку да го отворите срцето и да кажете глас на задоволство или незадоволство, а пак тој има преголема доза од вашиот глас во неговото секојдневие.
Гледате долгорочно
Со него ковате петгодишни планови, па можеби дури и прошетка до пред брачниот олтар и токму поради тие причини сакате да ги средите сите мали несогласувања на вашите карактери за еден ден да не бидат црвот кој ќе ја разјаде вашата заедница.
Тој и глув и слеп пред вашите објаснувања, товари на вас ново обвинување. Повторно сте му ја расипале вечерта затоа што сте направиле драма од неговото заборавање на годишнината или префрлање за дружбата со пријателот кој секоја ноќ се движи со различна девојка со ниски морални вредности.
Рамнодушни кон неважните
Се лутите затоа што ви значи, неважните луѓе во вашиот живот не можат во вас да побудат ни љубов, ни тага, ни префрлања. Сите нивни дела за вашето расположени се ирелевантен фактор, а тој само со една насмевка може да ви го разубави денот или со едно некревање на телефонската слушалка да ви го расипе.
Си има магија и вистинската љубов тоа нека биде вашата одбрана, која иако стои на цврсти нозе сепак треба да ја поткрепите со вложување на труд и контрола на вашите емоционални варијации и драматични испади и за најмала ситница. Кажете стоп за женските драми и заблуди.
Избројте до 10 пред да кажете нешто или пред повторно носот да го кренете во правецот на небото. Па ако тој е љубениот ваш, не заслужува да му го расипете и овој ден, зарем не?
.gif)






















.gif)
























