
Во вас бура од измешани емоции, другите вас ве обвинуваат за преголеми барања, вие животот го обвинувате затоа што некогаш ви дал толку многу.
„А сега одете си сите сакам да сум сам, не би разбрале ни да ви објаснам...“(Ако не те сакам, Владо Јаневски), а уште потешко е кога не се разбирате самите себе.
Среќна сум, тажна сум, го сакам, не го сакам, без тие работи не можам, но можеби вреди жртвата, дали да гледам за утре или сепак треба да кренам глава кон иднината, да се вратам на она што го имав или сега изгледа послатко затоа што е од далечна перспектива?
Патите за внимание
На партнерот му се жалите дека не ви посветува доволно внимание. Повеќе пати до сега уживавте во третманот на принцеза од страна на мажите, а сега се соочувате со се она што за некои одамна е животна реалност. Тој гази врз вашите соништа за романтика и бајки, а вас ви се пара срцето пред оној кој и покрај се има многу зошто го сакате.
Незадоволени апетити
Во вас бура од измешани емоции, другите вас ве обвинуваат за преголеми барања, вие животот го обвинувате затоа што некогаш ви дал толку многу и сега имате преголеми барања.
Најважно од се е ако не успеете сами во монолозите во вашата соба да ги зауздате вашите апетити, отворено да ги изнесете на тркалезна маса со вашиот партнер. Звучи смешно да се жалите за непраќањето на една единствена СМС порака или малиот број на телефонски повици од него, но ако тоа е вашиот неспокој тогаш вреди внимание.
Дали сте каприциозна девојка?
Сета ситуација ја оценувате како недостиг на љубов од негова страна, сите други објективни набљудувачи ја оценуваат како нормална врска и ваши преголеми каприци.
За сходно наоѓате да направите споредба со вашиот поранешен дечко кој ви праќаше порака на италијански долга 5 СМС, колку сте убава и колку ве сака, со соседот кој и на 40 години при секое одење во продавница и го купува омиленото чоколадо на жена си, но никогаш ниту на крај памет не ви паѓа да го направите тоа со дечкото кој ја изневери вашата пријателка и не заплака за „извини“ или пак со тренерот по аеробик кој женската ја гледа само како објект за задоволување на неговите сексуални нагони.
И токму заради ваквата ситуација во градот вие сте обвинета за каприциозна девојка.
101 прашање...
Измешани мисли ви се вртат во главата, но цел живот без „те сакам“ на менито дефинитивно не е она што го посакувате.
Ако во првата година од љубовта ситуацијата е ваква, каква ќе биде во 21-та се запрашувате? Времето да пресече или вие да пресечете?
Кој е вашиот совет?
.gif)






















.gif)
























