cipi.jpgВам ви е редот!
Вам ви е редот да сакате силно како некогаш и да бидете сакана како никогаш досега.
suma_copyПарче небо и партија секс, бесценето!
Во близина на Скопје има место, кое изобилува со доволно романтика и адреналин за незаборавен секс.
se_bacuvaat_goliНе можам да доживеам оргазам!
Кои се причините поради кои не можете да го достигнете врвот во сексот?
ja_dopira_za_polovina„Мојата фантазија е јас, тој и...“
Кои се најлудите женски сексуални фантазии?

Само/убијци на атмосферата во градот!

diskoto1

Атмосферата знаете дека ќе биде слична на изминатиот четврток, и на тој пред него и на тој пред него.

Чукна часот! Излегувате од дома време е за журка! Во вашата глава урнебес од фатални мисли по атмосферата, а од устата ви течат рој критики. На менито први нормално беа мажите во градот, потоа очајните локали, а на крај луѓето околу вас. Се на се ноќниот живот е ноќна монотонија.

Ако се препознавате во ова тогаш и вие сте зафатени од епидемијата на критицизам која ги зафати девојките во државава. Тоа дефинитивно е факторот број 1 кој ќе ви го расипе расположението и оваа ноќ.

Животот е понекогаш сив, понекогаш жолт, велат во една песна, општо позната е неговата црно-бела варијанта, но зошто вие да не направите една лично ваша оваа ноќ? Обојте ја во духот на есенските трендови, па нека биде портокалово-црвена, кој рече дека постојат правила?

Тешко дека ќе успеете целиот живот да ви изгледа вака, но барем ноќта која ја одбравте за забава оваа седмица нека биде помалку романтична, повеќе магична и максимално откачена.

За да успеете во оваа мисија време е да си ги забраните коментари од типот:

Тема : Мажи

 НЕМА НОРМАЛЕН МАЖ!

ДА ИМАШЕ БАРЕМ ЕДЕН УБАВ, СИТЕ МАЖИ СЕ ГРДИ ВО ДИСКОВО!

ЗА КОЈ ДА СЕ ДОТЕРУВАМ!

Ако мислите црно, тогаш делувате црно! Уште при влегувањето во локалот вие разгледувате наоколу и наместо нешто добро, гледате во оние примери кои најверодостојно би ја потврдиле вашата теорија.

И го покажувате на вашата пријателка момчето со портокалови очила и тексас јакна, од времето кога џинсот се уште се набавуваше од Италија, како очаен стои потпрен на шанкот, а не симпатичниот тип со црна брадичка кој и покрај тоа што е висок без малку 2 метри вие не го забележавте.

Тема 2: Атмосфера

ЛЕЛЕ АМА ЌЕ СЕ ИЗНЕРВИРАМ АКО ИМА МНОГУ ГУЖВА!

ЛЕЛЕ АКО НЕМА НАРОД!

САМО ДА НЕМА ПАК ПАТЕТИЧНИ ПЕСНИ!

СИТЕ СТАНАА КЛАБЕРИ!

Атмосферата знаете дека ќе биде слична на изминатиот четврток, и на тој пред него и на тој пред него. Веќе кога менаџерите на градските дискотеки не се креативни, бидете вие креативни.

Не трошете си го залудно времето на коментари од овој тип, туку веднаш свртете ги броевите на вашите 2 најлуди другарки и играјте „предизвик или предизвик“ на подиумот за танцување. Следниот пат излезете смирено со партнерот под рака и уште неколку парови, потоа со колегите од работа и така нема потреба да размислувате дали ќе има атмосфера, бидејќи вие сами ќе си ја направите!

Тема 3: Народ

НЕ ИЗЛЕГУВАМ ВЕЌЕ ПЕТОК И САБОТА, АПСОЛУТНО СЕКАКВА ФАЦА ИЗЛЕГЛА ВО ГРАД!

ВИДИ ЈА ПРИЈАТЕЛКАВА КОЛКУ „УБАВО“ СЕ ДОТЕРАЛА!

ШТО Е ОВА СЕ ДЕЦА/ СТАРЦИ!

До кога ќе се оптоварувате со околината? Ако таа смета дека е соодветно и убаво облечена во бели шорцеви на есенските 10 степени навечер, со сино палто со карнери и розов кармин тогаш тоа е лично нејзин избор. Па само опуштено, секој нека прави што сака!

Помирете се со фактот што дискотеките во градот можат да се избројат на прстите од една рака, па така на едно место ќе видите и деца и старци и помислете дека сето тоа е релативно во зависност од перспективата на гледање.

Можеби и вие до вчера бевте детето, а веќе утре ќе бидете „старицата“ на која местото ни под разно не и е пијана во дискотека во 3 часот по полноќ, но вам не ви се потребни ниту судии, ниту „face control“, па така и вие не губете го времето да бидете нечиј судија.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?