
Затоа ќе танцувам во диско додека не посакам неудобните високи чевли да ги фрлам најдалеку што можам.
Некои чудно ќе ве погледнат, други ќе ве прогласат за несериозна, трети за помалку луда, но вие јасно си ја знаете целта на секоја своја постапка. Знаете дека се што сакате денес е да бидете среќна!
NotForMen препорака: Среќна во сопствената кожа
- Затоа денес ќе јадам мешана скара, шопска салата и дебело парче торта за десерт.
- Затоа ќе го бакнувам додека сонот не ми натежне на очните капаци.
- Затоа ќе танцувам во диско додека не посакам неудобните високи чевли да ги фрлам најдалеку што можам.
- Затоа ќе уживам во чаша вино, иако знам дека следува мамурно утро.
- Затоа ќе бидам искрена и ќе ги искажам сите свои чувства, нему „те сакам“, а неа „те мразам“.
- Затоа ќе кажувам несоодветни шеги, па и мрсни вицови и ќе се смеам на сет глас.
- Затоа ќе се однесувам како 3 годишно инаетливо девојче и ќе го терам своето до крај.
- Затоа ќе одам на шопинг и повторно ќе го испразнам паричникот, иако од 1-ви ни трага, ни глас.
- Затоа ќе одам во локалната парфимерија да уживам во мирисот на омилениот парфем.
- Затоа ќе јадам зашеќерено јаболко, шеќерна волна и шампа.
- Затоа ќе ставам крај на монотоната врска со избледени чувства.
- Затоа ќе им кажам „благодарам“ на родителите што толку многу жртвуваа за мене.
- Затоа ќе пеам додека ме држи гласот.
- Затоа ќе и станам на постарата госпоѓа во автобусот, па по добро нека ме памети.
- Затоа ќе поверувам без објаснување.
- Затоа ќе му заблагодарам на чичко Столе шнајдерот, чичко Ѓоко чевларот и тетка Мирка продавачката, па секој ден насмевната ме дочекува.
- Затоа ќе се потрудам да простам и да продолжам понатаму.
- Затоа ќе имам секс со него без грам воздржување, на јавно место и ќе си ја исполнам секоја сексуална фантазија.
- Затоа ќе бидам среќна, без да барам секоја коцка да е на своето место.
А што ќе направите вие? И да, барајте го најдоброто во луѓето!
.gif)






















.gif)
























